Во неговиот редовен неделен билтен, Марк Гурман овој пат ја анализира состојбата во Apple, нешто што почна да привлекува внимание како проблем по доцнењето со развојот на големите јазични модели. Познато е дека Apple не само што задоцни со Apple Intelligence, тоа не би било проблем, но избрза да се приклучи пред функцијата да биде доволно развиена и со тоа го прекрши стилот по кој се препознатливи.
Гурман ја започнува неговата анализа со краткото тврдење дека Тим Кук нема да си замине од својата позиција во Apple наскоро. Тоа значи дека треба да се очекува дека Кук ќе остане на чело на Apple се до неговото заминување во пензија, а тоа може да се очекува најрано во наредните пет години.
Покрај тоа што поради Apple Intelligence, Apple може многу лесно да престане да биде компанија на врвот во светот, Кук е тој кој ја доведе компанија на ова ниво по преземањето на позицијата од Стив Џобс. Растот на вредноста на акциите на Apple е повеќе од 1500% од 2011, па до денес, па може да се каже дека позицијата на Кук е безбедна.
Гурман верува дека големи се шансите Тим Кук да стане и претседател на одборот на директори, позиција која моментално ја држи Артур Левинсон, но се очекува да се тргне во главно поради надминувањето на возраста од 75 години, нешто што во Apple се смета како „доволно“.
Доколку ова се покаже како точно, Кук ќе има уште поголемо влијание во Apple, нешто што сепак не се смета како лошо или проблематично.
Гурман продолжува со анализата за тоа кој би можел да го наследи Кук како директор, како и тоа дека голем дел од директорите во компанијата се во неа со децении. Потребно е добро да се размисли кој би продолжил со развојот по пензионирањето на Кук, а засега за таа позиција најмногу се истакнува Џон Термус, кој моментално е задолжен за хардверот во компанијата.
Термус може да добие доста поддршка од доста луѓе кои сметаат дека на чело на компанијата треба повторно да застане директор кој е насочен кон развој на производи, нешто што се смета дека Кук не е, а посебно не како Стив Џобс.