B0HCg2-CMAAVJhf.jpg large

Tim Cook, главниот директор на Apple за првпат проговори за неговата сексуална ориентација во статија напишана од него за Bloomberg. За многу луѓе веќе познато и неколку пати пишувано, тој изјави:

„Иако никогаш ја немам негирано мојата сексуалност, исто така никогаш ја немам потврдено јавно, до сега. Значи да бидам јасен: Се гордеам што сум геј и сметам дека тоа што сум геј е еден од најголемите дарови кои што ми ги има дадено Господ.“

Сигурно многу луѓе се прашуваат зошто баш сега се има одлучено да излезе во јавноста со оваа информација. Иако тоа не може со сигурност да се знае, сепак јасно е дека живееме во време кога можеби и е најдобро за еден ваков чекор. Исто така тој истакнува:

„Не се сметам себеси за активист, но јасно ми е колку сум имал корист од жртвувањето на другите. Затоа, доколку информацијата дека директорот на Apple е геј може да му помогне на некого да се помири со тоа што тој или таа е или да им донесе мир на некои кои што се чувствуваат осамено или да инспирира луѓе да инсистираат на нивната еднаквост, тогаш вреди тоа да го заменам со дел од мојата приватност.“

„Со години бев отворен со многу луѓе околу мојата сексуална ориентација. Многу од колегите во Apple знаат дека сум геј и не прави никаква разлика во начинот на кој што се однесуваат со мене. Се разбира, ја имав таа среќа да работам во компанија која што ја сака креативноста и иновацијата и знае дека може да напредува кога ги прифаќа различностите на луѓето. Не секој е толку среќен.“

Извор: Bloomberg Businessweek, Cnet

Претходна статијаCitizenfour – поглед одблизу врз Едвард Сноуден, човекот кој го промени светот
Следна статијаMicrosoft се приклучува на фитнес пазарот, ги претстави Microsoft Band и Microsoft Health
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.