Тест на огромната нова батерија на Galaxy Note9 во споредба со конкуренцијата

Споредбата е направена помеѓу Galaxy Note9, Galaxy S9+, iPhone X, Huawei P20 Pro и OnePlus 6

Новиот Note од Samsung, Note9, ја има досега најголемата батерија која од компанијата ја имаат вградено во еден од нивните смартфони. Истата е со капацитет од 4.000 mAh, а тоа е скоро 20% повеќе од минатогодишниот Note8.

Од останатите смартфони кои се дел од споредбата, S9+ има батерија со капацитет од 3.500 mAh, iPhone X има 2.716 mAh, P20 Pro од Huawei има 4.000 mAh и OnePlus 6 доаѓа со батерија со капацитет од 3.300 mAh.

Тестот е направен на начин што сите уреди се користат на истиот начин, поставени еден до друг, со што се следи трошењето на батеријата. При користењето се вклучуваат апликации како Instagram, игри, но и апликации за тестирање на уредите како AnTuTu Benchmark кои значително ги искористуваат ресурсите на телефоните.

Како што можете да видите во видеото на почетокот од статијата, Note9 се покажува најдобро од сите тестирање уреди, додека најслабо, односно прв останува без батерија iPhone X.

Galaxy Note9 кој е искористен за тестирање во ова видео е моделот за Европа, односно работи на Exynos процесорот од Samsung, има 6 GB RAM меморија и 128 GB простор за податоци. Исто така, резолуцијата на екранот е поставена на таа што доаѓа стандардно со уредот, односно не е поставена на највисоката.

Претходна статијаАмериканските власти бараат од Facebook пристап до шифрираните разговори во Messenger
Следна статијаSkype започна со тестирање на можноста за испраќање на SMS пораки преку дескоп компјутерите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.