Фото: Samsung

Скопје, 10 јуни – Додека корисниците ги ценат смартфоните поради нивната моќ, практичност и леснотија на користење, тие исто така очекуваат и уред кој нуди и разноврсност и преносливост. Во Samsung Electronics, нашата постојана цел е да создадеме врвно мобилно искуство, водени од потребите на корисниците. Токму оваа посветеност кон нивните очекувања нè инспирира постојано да ги унапредуваме иновативните форми и функции кои ги менуваат границите на мобилната технологија.

Кога во 2019 година го претставивме првиот Galaxy Fold, воведовме целосно нова форма на смартфон, спојувајќи ја практичноста на мобилен телефон со продуктивноста на таблет. Со тоа ги предизвикавме традиционалните идеи за тоа што може да биде еден смартфон. Водени од храбрата визија дека фолдап телефоните можат да ги спојат наизглед спротивставените желби, голем екран и вистинска преносливост побаравме инспирација и од други индустрии. Развивме издржлива шарка и докажавме дека и дисплеите на телефоните можат да се преклопуваат. Така се отворија нови можности: од безпрекорен мултитаскинг во движење до создавање на имерзивни содржини.

Но, бидејќи смартфоните се наши секојдневни придружници што ги носиме во џеб, ги користиме со една рака и ги носиме насекаде, сосема е природно корисниците да посакуваат фолдап уред што е и лесен за носење и лесен за користење. Затоа инженерите и дизајнерите на Samsung секоја нова генерација на Galaxy Z серијата ја прават се потенка, полесна и поиздржлива од претходната.

Оваа година го достигнуваме новиот врв. Најновата Galaxy Z серија е најтенката, најлесната и најнапредната фолдап серија досега – прецизно изработена и создадена да трае.

Време е да се отвори едно ново Ultra искуство.

Претходна статијаiOS 26 доаѓа со новиот Liquid Glass дизајн и нов начин на прикажување на верзијата
Следна статијаiPadOS 26 го донесува досега најголемото доближување на iPad до Mac компјутерите