Hisense, една од водечките светски компании во областа на електроника за широка потрошувачка, доби исклучително признание од водечките експерти во индустријата. Телевизорот Hisense 4K ULED 65U8GQ ја доби престижната награда EISA во категоријата фамилијарни телевизори. Експертите од жирито на EISA (Expert Imaging and Sound Association), кои годишно ги наградуваат најдобрите производи во областа на hi-fi, домашно кино, фотографија, видео, автомобили и мобилна електроника, го опиша овој модел на паметен телевизор како „исклучително импресивен телевизор во привлечна цена“. Оваа награда му дава признание на Hisense за постојаниот фокус на обезбедување висококвалитетни и сигурни производи за своите клиенти.

Совршено искуство за гледање за целото семејство

Наградуваниот телевизор Hisense 65U8GQ ги покрива сите потреби на гледачите и обезбедува совршено искуство за гледање за целото семејство, што го прави идеален паметен телевизор за семејната дневна соба. Технологијата Quantum Dot Color обезбедува над милијарда нијанси на бои што му нудат на гледачот исклучителна јасност и највисоко ниво на квалитет на слика. Дополнително, Full Array Local Dimming Pro, со преку 120 независно контролирани зони на затемнување, обезбедува неверојатни нивоа на контраст. Овој телевизор, исто така, обезбедува супериорно звучно искуство преку напредниот вграден звучен систем Dolby Atmos®, приближувајќи ги гледачите до искуството исто како и во реалноста. Без разлика дали вашето дете сака да го гледа најновиот цртан филм или сакате да уживате во вашата омилена ТВ емисија за готвење, секој пат ве очекува фантастично искуство.

EISA FAMILY TV 2021-2022 HISENSE 65U8GQ

Запознајте го Hisense: Квалитет. Иновација. Перформанси.

Hisense, глобален лидер во електроника за широка потрошувачка, се стреми да развие иновативни решенија, базирани на потребите и барањата на луѓето, кои совршено се вклопуваат во модерниот начин на живот. Сигурната технологија која ви е на дофат на рака стана заштитен знак на брендот, чија цел е да им обезбеди на своите клиенти производи со висок квалитет. Квалитетот е исто така еден од клучните критериуми според кои EISA, асоцијација на 60 водечки технолошки списанија, веб-страници и коментатори на социјалните медиуми од 29 земји, го избира победничкиот апарат во секоја категорија. Жирито му ја додели на моделот на телевизор Hisense 65U8GQ престижната награда EISA во категоријата фамилијарни телевизори, наведувајќи дека „телевизорот 65U8GQ е вистински пример за напорите на Hisense да ги направи модерните телевизори квалитетни во сите аспекти“.

VIDAA, центар за забава во удобноста на вашиот дом

Без разлика дали уживате во филмови, дали сте страстен љубител на спортот или сте гејмер, Hisense има нешто за вас. Оперативниот систем VIDAA е интуитивна и персонализирана платформа на Hisense која овозможува лесен пристап до сите интегрирани апликации и содржини за забава, како и целосна контрола врз вградените функции како што се 120Hz MEMC технологија, Ultra Motion, спортски режим, HDR 10+, Dolby vision IQ и IMAX Enhanced. Овие карактеристики ви овозможуваат да уживате во секоја опција што ја избирате на екранот и ви носат најдобро можно доживување при гледање. Во образложението, жирито на EISA наведе дека победничкиот паметен телевизор има „врвен паметен оперативен систем VIDAA U5, што значи дека широк спектар на апликации за гледање филмови и видеа се на само еден клик од корисникот – или само една команда преку вградена гласовна контрола преку платформите Alexa и Google Assistant“.

Hisense ќе продолжи да ги воодушевува своите клиенти

„Hisense секогаш се фокусира на најновите технолошки трендови кои значително го подобруваат квалитетот на секојдневниот живот. Нашата главна цел е да обезбедиме внимателно дизајнирани решенија за паметно домување по прифатлива цена. Исклучително сме горди и почестени што EISA, асоцијација која ги обединува водечките експерти во нашата индустрија, ги препозна нашите напори и ни додели специјална EISA награда во категоријата најдобар модел на фамилијарен телевизор. ULED 4K телевизорите навистина можат да ги направат семејните вечери позабавни и возбудливи и навистина сме среќни што EISA ја препозна неговата исклучителна вредност. Оваа награда е исто така голема одговорност за семејството Hisense и нѐ мотивира да поставиме уште поголеми цели во иднина. Ќе се потрудиме да продолжиме да ги воодушевуваме нашите клиенти со производи што им овозможуваат да уживаат во секој момент од животот “, рече Аленка Поточник Анчиќ, маркетинг директор на Hisense Europe.

Конкретниот модел на Hisense 65U8GQ е достапен во продажната мрежа на Нептун. Исто така, во продажните салони на Нептун можете да најдете голем дел од асортиманот на Хајсенс телевизори кои одговараат на сечиј буџет. Ценовниот ранг на телевизорите Hisense се движи од 15.999 за модел со дијагонала на екранот од 40 инчи па сѐ до 67.999 ден за екран од 65 инчи со врвни карактеристики.

Hisense верува толку во сигурноста и квалитетот на технологиите што ги користат за да им понудат на клиентите петгодишна гаранција за сите телевизори со регистрација на официјалната веб страница на Hisense во Македонија mk.hisense.com.

Претходна статијаКроација Осигурување започнува соработка со глобалната ИТ компанија Liferay
Следна статијаАЕТМ ќе ги организира првите награди за е-трговија во Македонија “E-commerce Awards 2021”