Кроација Осигурување (CROATIA osiguranje), пазарен и дигитален лидер во областа на осигурувањето, што работи во рамките на Групацијата Адрис, продолжува да развива напредни дигитални решенија и иновации, овој пат во соработка со глобалната ИТ компанија Liferay, лидер во создавање платформи за дигитално корисничко искуство.

Тимовите на Кроација Осигурување (CROATIA osiguranje) и Liferay, започнуваат соработка за развој и имплементација на иновативна дигитална платформа за продажни претставници на Кроација Осигурување. Станува збор за напреден агентски портал, кој што ќе го унапреди целокупното корисничко искуство и ќе го зголеми квалитетот на услугите кон клиентот. Во наредните години, агентскиот портал ќе прерасне во централно место на сите продажни процеси, вклучувајќи изработка на полиса, комуникација со клиентот, како и увид во процесот на обработка на штета во реално време. Овој напреден портал ќе користи повеќе од 7.000 претставници на продажната мрежа на Кроација Осигурување (CROATIA osiguranje).

Тимовите на Кроација Осигурување (CROATIA osiguranje) и Liferay го сочинуваат дигитални експерти, кои работат во дури три временски зони, а сместени се во Хрватска, Бразил, Ирска и САД. Со својата експертиза, заеднички создаваат единствен дигитален производ, а сè со цел креирање на врвно корисничко искуство на осигурениците и вработените во Кроација Осигурување (CROATIA osiguranje), кои ќе работат на наведениот портал.

„Продолжуваме да инвестираме значително во дигитализација на осигурувањето, овој пат во соработка со Liferay, една од водечките ИТ компании. Наши тимови на искусни осигурителни и дигитални експерти, заедно ќе создадат напреден one-stop-shop за нашата продажна мрежа, со која што на нашите осигуреници ќе им овозможиме ново корисничко искуство. Горди сме на меѓународната соработка со експерти, кои се вклучени во овој проект во кој што ќе инвестираме долгорочно повеќе од милион евра,“ изјави Давор Томашковиќ (Davor Tomašković), претседател на Управниот одбор на Кроација Осигурување (CROATIA osiguranje).

Liferay е глобално признаена компанија со мрежа на партнери и клиенти ширум светот, а веќе 11та година по ред е позиционирана како лидер во креирање на платформа за дигитално корисничко искуство. Соработуваат со повеќе од 40 осигурителни друштва низ светот, вклучувајќи три од десетте најголеми осигурителни групации на глобално ниво.

„Благодарни сме што преку партнерството со Кроација Осигурување (CROATIA osiguranje) градиме интуитивен агентски портал, кој што е едноставен за користење за корисниците. Флексибилната технологија, бизнис можностите и аналитиката на Liferay, ќе ѝ помогнат на Кроација Осигурување (CROATIA osiguranje) уште денес да примени напредна технологија наменета за помагање на клиентите во важни моменти во животот. Секторот за осигурување со вакви проекти пристапува кон нови терени, со цел да е во чекор со постојаните промени и потреби, како и очекувања на клиентите и вработените. Со помош на Liferay, Кроација Осигурување (CROATIA osiguranje) ќе создаде моќно решение, со кое што ќе ја зацврсти својата позиција на пазарот,“ изјави Брајан Чанг (Bryan Cheung), главен извршен директор на Liferay.

За Кроација Осигурување (CROATIA osiguranje):

  • Кроација Осигурување (CROATIA osiguranje) е водечка компанија на хрватскиот пазар за осигурување. Во оваа сфера и на ова поле работи повеќе од 135 години, а од 2014 година е дел од Групацијата Адрис. Кроација Осигурување (CROATIA osiguranje) е убедливо најсилниот бренд и првиот избор на клиентите кога станува збор за осигурување. Бизнисот е фокусиран на оперативна ефикасност, врвна услуга за корисниците и широко портфолио на модерни решенија за осигурување. За повеќе информации посетете ја: www.crosig.hr

За Liferay:

  • Liferay им помага на организациите во решавање на дигитални предизвици со помош на мулти-канални портали, интранет, е-комерција и интегрирани решенија. Нашата платформа е со отворен код, нешто кое што ја прави посигурна, поиновативна и побезбедна. Се трудиме да оставиме позитивен белег во светот преку бизнисот и технологијата. Илјадници организации во финансискиот, здравствениот или јавниот сектор, како и осигурителните, малопродажните, производствените и многубројни други индустрии, користат Liferay. За повеќе информации посетете ја: www.liferay.com
Претходна статијаПо 1 евро за секој изминат час спортски активности: Вработените од Тиго Фајнанс со донација за социјално загрозени семејства
Следна статијаТелевизорот 65U8GQ на Hisense ја доби престижната EISA награда доделена од водечки експерти во областа на електроника за широка потрошувачка