Фото: OpenAI

io Products, Inc. официјално се спои со OpenAI, а со тоа најавеното купување на оваа компанија е завршено. Како што е познато, io е стартап компанија на познатиот Џони Ајв, а купувањето од страна на OpenAI беше најавено во мај оваа година. 

По малите судски проблеми за користењето на името io, официјализирањето на договорот беше објавено од страна на OpenAI, како кратко ажурирање на првата објава. 

„Со воодушевување споделуваме дека тимот на io Products, Inc. официјално се спои со OpenAI. Џони Ив и LoveFrom остануваат независни и преземаат длабоки дизајнерски и креативни одговорности во OpenAI.“ – стои во објавата.

Соработката на ова ниво помеѓу човекот кој стои зад дизајнот на повеќето Apple производи и близок соработник на Стив Џобс и OpenAI очекувано привлекува големо внимание. За идната година се најавува претставување на производ кој ќе функционира со вештачка интелигенција, а засега има само претпоставки каков ќе биде тој производ. 

Се што се знае во оваа фаза е дека засега не се планира производ кој би имал за цел да ги замени телефоните, а јасно е дека за такво нешто е уште рано. 

ИЗВОРOpenAI
Претходна статијаСерија Samsung Galaxy Watch8: Врвна удобност – од спиење до физичка активност
Следна статијаСтриминг сервисот Max преименуван во HBO Max 
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.