Марк Гурман продолжува да ни ги открива плановите на Apple за задоцнетото унапредување на Siri асистентот, кој кога беше претставен беше пред времето и се веруваше дека од компанијата ќе направат во нивни стил „револуција“.
Сепак, како што видовме во годините што следеа, Siri не доби некое посебно подобрување на способноста, а еве и со „појавата“ на генеративната вештачка интелигенција Apple успеа да задоцни.
Гурман сега открива, повторно од луѓе кои сакаат да останат анонимни, дека Siri, како дел од преработката, треба да добие функција за пребарување на интернет. Оваа функција е наводно наречена „World Knowledge Answers“ и целта ќе и биде да конкурира со OpenAI и Perplexity.
Оваа нова функција треба да ги замени сегашните во главно резултати од пребарување кои ги дава Siri, а по ново и одговори со помош на ChatGPT и да почне да „се однесува“ како што би требало и како што тоа го прават конкурентите.
Siri ќе може да пребара на интернет за тоа што го прашува корисникот и да го даде целосниот одговор, наместо само листа на резултати, а сето тоа во сиумирана форма која која треба да биде „брзо сварлива и точна“.
Покрај тоа што остануваат плановите за користење на сопствените големи јазични модели, Гурман повторно истакнува дека од компанијата преговараат со Google за користење на посебно развиени јазични модели од Gemini за Apple.
Доколку почнат да се користат и Gemini моделите, тие би стоеле зад понапредната верзија од Siri, како и новата способност за пребарување на интернет.
Овие модели би функционирале преку серверите на Apple, со што тие ќе можат да го овозможат своето ниво на приватност за корисниците, а поради тоа ќе се користат и сопствените модели во одредени ситуации.
Новата World Knowledge Answers функција можно е да биде додадена и во Safari прелистувачот, како и во Spotlight функцијата.
Гурман истакнува дека преработката на Siri ќе биде околу три клучни компоненти, односно планер кој ќе ги интерпретира барањата и ќе одлучува како да одговори, системот за пребарување преку интернет и на самиот уред, како и на крајот систем за сумирање на одговорите.
Соработката со Google почнува да станува како најверојатна и поради фактот што Google не го изгуби судскиот процес почнат од Министерството за Правда и ја задржа можноста да прави договори, како тој со Apple за соработка.