Фото: Qualcomm

Додека го чекавме претставувањето на Snapdragon 8 Elite Gen 2, Qualcomm објави дека втората генерација од чипот кој ја носи ознаката „Elite“, ќе биде наречен Snapdragon 8 Elite Gen 5. 

Ова можеби ќе ги збуни доста од корисниците, но тие кои ги следат овие чипови веднаш ќе се сетат дека ова име сепак има логика, иако маркетинг одлуката на компанијата не баш. 

Snapdragon 8 Elite беше четвртата генерација од оваа серија, односно најдобрата серија на чипови од Qualcomm, па наместо Snapdragon 8 Gen 4, истата беше наречена Snapdragon 8 Elite. 

Причината за ова беше користењето на новите процесорски јадра Oryon кои донесоа доста добар скок кај перформансите, па од компанијата сметаа дека тоа треба да се покаже и преку името. 

„Можеби изгледа како да сме прескокнале генерации, но вистината е поедноставна – и помоќна. Snapdragon 8 Elite Gen 5 ја означува петтата генерација на нашите премиум платформи од серијата 8 откако го претставивме нашето ново едноцифрено именување и визуелен идентитет. Со усогласување со Gen 5, ја зајакнуваме нејзината лидерска позиција и го поедноставуваме начинот на кој потрошувачите го разбираат нашиот план за производи.“ – истакнуваат од Qualcomm. 

Зошто точно од компанијата решаваат повторно да се усогласат со серијата 8, не објаснуваат до крај, па најверојатно се работи за некоја внатрешна дискусија која довела до овој исход. 

Претставувањето на Snapdragon 8 Elite Gen 5 ќе се случи на Snapdragon Summit настанот кој ќе започне на 23 септември, па тогаш ќе ја дознаеме поважната страна од чипот, неговите перформанси. 

Инаку, Xiaomi најавија дека ќе го користат овој чип во нивната нова Xiaomi 17 серија која ќе биде претставена наскоро, а интересно е што од компанијата ја прескокнуваат серијата 16, којзнае зошто, дали можеби поради iPhone 17 серијата. 

ИЗВОРQualcomm
Претходна статијаКои уреди се следни за претставување од страна на Apple по претставувањето на iPhone 17 серијата
Следна статијаWindows 11 ќе овозможи тестирање на брзината на интернет конекцијата преку долната лента
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.