Оваа недела е 25 годишнината од купувањето на компанијата NeXT од страна на Apple. NeXT е компанија која беше основана од страна на Стив Џобс по неговото излегување од Apple и со тоа тој се врати во својата прва и главна компанија која ја ко-основа со Стив Возниак.

Доста може да се прочита за причините поради кои Џобс излегува од Apple во 1985 година по неуспешното задржување на својата позиција во компанијата. Бордот на директори во тоа време смета дека некој друг треба да ја води компанијата, некој со поголемо искуство, а таа позиција ја доби Џон Скали, директор од Pepsi кој бил вработен токму од Џобс.

Џобс потоа продолжува да функционира сам, односно основа и други компании, меѓу кои и NeXT. Причината поради која Apple ја купува оваа компанија е оперативниот систем кој го развиваат, како и програмските јазици кои до ден денес се користат од страна на Apple и се основата на macOS.

Со купувањето на NeXT во декември 1996 година за 400 милиони долари, вработените на оваа компанија стануваат дел од Apple, а со тоа Стив Џобс се враќа во Apple.

Тој за доста кратко време се враќа на челото на Apple, па може слободно да кажеме дека остатокот е историја.

Apple до спојувањето со NeXT нема баш добри резултати од своето работење, па тоа постепено се менува под новото водство на Џобс. Во текот на годините што следат Apple станува една од највредните компании во светот, а тоа и нема потреба посебно да се истакне, компанијата ја задржува својата позиција и денес.

Еден од вработените во NeXT во тоа време, Стив Шајмен, во краток блог одлично се потсеќа на случувањата во тоа време, па неговиот текст можете да го прочитате на овој линк.

Претходна статијаНовогодишни попусти и одличен шопинг зачинети со празнични вкусови и добра забава во Ист Гејт Мол
Следна статијаФИТР: Позитивните резултати на поддржаните компании се потврда за ефективното работење на Фондот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.