Познатиот рецензент на технологија, Маркез Браунли, изгуби голем дел од својот углед за доста кратко време. Се што требаше е да ја претстави својата апликација за позадини, а истата дојде со цена од 12 долари месечно, односно 50 долари годишно.
Цената на апликацијата не беше единствената критика од страна на корисниците, па тие истакнаа дека таа има непотребно голем број на дозволи за уредот како за овој вид на апликација, а исто така корисниците не можат да симнат позадина во целосна резолуција ако не се претплатени. Дури и симнувањето на позадина во помала резолуција се правеше со гледање на две реклами.
Апликацијата поради ова има доста ниска оценка, а Браунли со денови добиваше доста критики, а доста корисници не пропуштија да истакнат дека тој ги има променето неговите поранешни ставови за вакви ситуации.
Апликацијата сега ја доби својата прва ажурирана верзија и истата ја доведува до ниво кое можеби немаше да биде предмет на критики доколку Panels беше ваква од самиот почеток.
Цената останува иста, Браунли уште додека беше критикуван истакна дека апликацијата ќе ја донесе вредноста за таква цена со тек на време, но затоа променети се другите карактеристики.
Апликацијата сега овозможува симнување на позадините во целосна резолуција и за бесплатните корисници, а тие за тоа ќе треба да гледаат една реклама за да ја симнат.
Симнувањето на позадина во помала HD резолуција сега е целосно бесплатно, односно може да се направи без претплата и без гледање на реклами.
Апликацијата добива и уште неколку подобрувања кај дизајнот, функционирањето и слично.