Како што е веќе познато, Apple не се приклучи на трендот на користење на генеративна вештачка интелигенција кај своите производи минатиот месец со претставувањето на iPhone 16 серијата, иако сите реклами беа како да новите функции се веднаш достапни.
Достапноста беше прво неофицијално најавена, а потоа и потврдена дека ќе дојде со iOS 18.1 и останатите системи, па остана само прашањето кога може да се очекуваат надградбите.
Според Марк Гурман, новите верзии ќе бидат официјално пуштени за три недели од сега, односно во понеделник на 28 октомври. Тоа е малку подоцна од што очекувавме, но кога веќе се чека, уште некоја недела не прави голема разлика.
За тие кои немаат проблем да инсталираат бета верзии од софтверот, Apple Intelligence веќе е достапна преку јавните бета верзии од iOS 18.1, macOS 15.1 и другите.
Функциите кои ќе бидат достапни од Apple Intelligence за жал нема да биде веднаш сите, па со верзијата од овој месец достапни ќе станат можноста да се сумира текст во Safari, алатките за измена и пишување текст, сумирање на известувањата, Focus режим со ВИ, мали подобрувања кај Siri и слично.
Без разлика на сето ова, корисниците на Apple конечно после повеќе година дена доцнење, ќе имаат функции со генеративна вештачка интелигенција како корисниците на Android и Windows.
Колку овие функции ќе биде корисни и популарни, ќе видиме во месеците што следат, а треба да се истакне дека за почеток тие функционираат само на англиски јазик, а за македонски којзнае колку ќе почекаме.