Минатата вечер се одржа гала церемонијата во Варшава организирана од страна на Европските Бизнис Награди по повод доделување на наградите за најдобри компании и претприемачи во Европа.

На овогодинешното издание на Европските Бизнис Награди, на основачите на CodeWell, Нино Карас и Мартин Анчевски, им беше официјално доделена наградата за Национален Победник во категоријата Претприемачи на годината.

Оваа награда претставува голем успех и признание за CodeWell како исклучителни лидери во областа на претприемништвото и иновациите.

Ова е голем успех и за нашата држава која со ваквите примери се пробива во светот на бизнисот на едно повисоко и посериозно ниво.

Нино Карас и Мартин Анчевски се основачи на CodeWell, интернационална компанија која е специјализирана во полето на Вештачката Интелигенција со фокус на Chatbot-ови и мобилни апликации.

Најновиот продукт на компанијата е CodeWell AI  – напредна технолошка платформа за создавање паметни дигитални асистенти кои доаѓаат во форма на чет ботови и се во можност да зборуваат на било кој јазик со голема прецизност од над 95%.

Oваа платформа им помагa на бизнисите да автоматизираат цели оддели преку асистенти базирани на вештачка интелигенција, што резултира со големи заштеди кај компаниите, но и директно зголемување на профитот.

Прва имплементација на оваа платформа во Македонија е четботот на А1 за препорака на телефони со име Славчо (www.sakamtelefon.mk).

Познато е дека продуктите позади кои стои CodeWell на неколку наврати се најдоа и на страниците на најпознатите медиуми во светот, вклучувајќи ги Forbes, The Huffington Post, TechCrunch, Venture Beat и останати.

CodeWell најавува дека ќе продолжи со ваквата тенденција на достигнувања и успеси во областа на иновативните технологии и бизнис сферата.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.