Познатиот Џони Ајв, заедно со директорот на OpenAI, најавија спојување на не толку познатиот стартап на Ајв, io, со OpenAI. Со ова спојување OpenAI ги официјализира плановите за развој на уреди кои функционираат со вештачка интелигенција, а според некои прашање на време е кога тие ќе ги заменат денешните смартфони.
Соработката помеѓу Ајв и OpenAI постои веќе некоклу години, а минатата година беше основана и компанијата io. Оваа компанија е основана од страна на Џони Ајв, заедно со неколку поранешни дизајнери од Apple.
Веќе можевме да прочитаме дека LoveFrom на Ајв ќе работи на дизајнирање на уред за OpenAI, па сега тоа дефинитивно станува официјален план.
Најавата за спојувањето, односно поточно купувањето на io од страна на OpenAI, беше објавено на страната од OpenAI, а објавено е и посебно видео во кое се објаснува целиот процес.
Видеото можете да го погледнете во продолжение.
Според информациите, зделката за спојување на двете компании чини повеќе од 5 милијарди долари, но ќе почекаме до официјалните детали.