Фото: Shutterstock.com

Минатата година прочитавме дека OpenAI има договорено соработка со познатиот Џони Ајв, поранешниот главен „дизајнер“ во Apple, за дизајн на уред од оваа компанија позната по ChatGPT. 

Соработката на OpenAI со Love From, компанијата на Ајв, поставува големи очекувања за уредот кој би бил претставен, но нема никакви детали за каков уред се работи и што да очекуваме. 

Директорот на OpenAI, Сем Алтман, во интервју конечно даде некаква информација за тоа каков уред е во план од компанијата, иако деталите повторно се минимални. 

Уредот на којшто работат од компанијата е замислен да ги замени смартфоните, а ова е нешто што ќе биде навистина интересно да се види дали е можно, барем во блиска иднина. 

Секако, замена за смартфоните не може да биде нешто слично на смартфон, само развиено од страна на OpenAI и направено на основа на вештачка интелигенција. Уредот ќе мора да биде целосно различен, а такво нешто можат да бидат паметни очила, на пример или уред кој функционира на гласовни команди. 

Обид за замена на смартфоните со уреди со вештачка интелигенција веќе видовме, но истите воопшто не беа прифатени. Сепак, уред дизајниран од страна на Џони Ајв може да биде друга приказна. 

ИЗВОРBGR
Претходна статијаApple приморани да дозволат порнографска апликација на iPhone во ЕУ
Следна статијаМакедонската револуција во вештачката интелигенција започнува со „ВИ СЕГА“
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.