Mozilla веќе неколку месеци работи на нов редизајн на корисничкиот изглед на нивниот Firefox прелистувач. Овој редизајн е доволно голем за да го промени корисничкото искуство на корисниците, а може и слободно да се каже дека прави да вреди да повторно му се даде шанса на Firefox.

Новиот изглед на Firefox доаѓа со неговата 89та верзија која е достапна од денеска, а корисниците можат да ја надградат својата верзија, ако тоа не им е наместено автоматски или да го симнат Firefox преку овој линк.

Новиот изглед се забележува уште при првото вклучување на новата верзија од Firefox. Главната промена ќе се забележи во табовите, кои сега „лебдат“ над лентата за адреси и се со заоблени страни.

Покрај тоа, главното мени добива нов изглед, а ова слободно може да се каже дека беше потребно уште одамна. Новото мени веќе нема икони, па изгледа многу почисто, а исто така променета е организацијата според тоа што корисниците најчесто го користат, истакнуваат од Mozilla.

Промена има и кај „попап“ менијата кои се појавуваат со одредени информации, а исто така променет е дизајнот, кој сега го следи тој на оперативниот систем, на менијата кои се појавуваат со десен клик.

Покрај овие очигледни промени, целиот кориснички интерфејс е делумно освежен, со изменети бои, нијанси и слично.

Firefox 89 доаѓа и со стандардните исправки на грешки, багови, како и безбедносни пропусти.

ИЗВОРMozilla
ИЗВОР 2gHacks
Претходна статијаА1 Македонија по повод Меѓународниот ден на детето
Следна статијаФИТР и Рош Македонија со нов хакатон за иновативни решенија во е-здравство
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.