Веќе одреден период Mozilla работи на уште една промена на корисничкиот интерфејс на нивниот Firefox прелистувач. Иако претходниот редизајн не беше толку неодамна, сепак го нарекуваме уште еден, со оглед на тоа што претходниот поголем редизајн беше направен после доста години на ист изглед.

Последниот, поголем и доста популарен редизајн на Firefox се случи во 2017 година под името Quantum. Оваа промена беше доста голема не само поради изменетиот кориснички интерфејс, туку и поради промената на веб технологијата во која е направен прелистувачот со која после повеќе години успеа да му конкурира на Google Chrome кога е во прашање брзината.

Сега четири години подоцна, во време кога Firefox се соочува со пад на популарноста, Mozilla повторно прави промена на корисничкиот интерфејс кој не е толку драстичен како претходниот, но би требало да го подобри корисничкото искуство доволно за да се задржат постојните корисници.

Промени се достапни во неколку делови од Firefox. Едната е во главното мени кое ќе изгледа многу подобро. Тргнати се иконите и бројот на достапни прилагодувања, па корисниците сега би требало многу полесно да го најдат тоа што го бараат.

Наредно, направена е промена на „new tab“ страната која корисниците ја гледаат при отворање на прелистувачот, доколку немаат избрано некоја друга главна страна, како и при отворање на нов „таб“.

Веднаш се забележува промената во иконите на оваа страна, истите сега ги прикажуваат иконите од страните, а не слика од нив, со што се добива многу подобар и почист изглед. Исто така, веруваме дека корисниците на овој начин полесно ќе можат да препознаат за која страна се работи.

Промена во изгледот има и кај табовите, како и лентата за адреси, но тие може да се каже дека не се до толку многу забележливо во споредба со другите промени.

Со оглед на тоа дека Proton е уште работа во тек, не можеме да знаеме дали ќе видиме уште промени, како и тоа дали некои од промените ќе бидат откажани. Како и да е, едно е сигурно, Firefox ќе добие одредено освежување со цел да остане во тек со конкурентите.

ИЗВОРgHacks
Претходна статијаAudi го претстави електричниот седан e-tron GT направен со технологијата од Porsche Taycan
Следна статијаUnited Group повторно има најбрза мобилна мрежа во Европа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.