Фото: Shutterstock.com

Главниот извор на сигурни информации поврзани со Apple, Марк Гурман од Bloomberg, ги објави неговите најнови, поврзани со неколку Mac компјутери кои треба да бидат претставени оваа година.

Два нови компјутери може да се каже дека ќе го привлечат главното внимание, а во главно поради тоа што одамна не се надградени.

Првиот е одличниот „се-во-едно“ компјутер од Apple, iMac, кој последен пат беше надграден во 2021 година со М1 чипот. Штета што беше надградена само 24 инчната верзија, а таа со 27 инчен екран остана да се нуди со Intel чипови уште одреден период.

Според Гурман, оваа година iMac ќе добие надградба, а истата може да се очекува најверојатно за оваа есен, иако може да биде најавена и нешто порано.

Главната новина кај iMac ќе биде чипот на кој ќе работи, а се верува дека тоа ќе биде М3, наредната генерација од чипот кој Apple самите го развиваат. М3 треба да биде направен на 3nm технологија и ќе донесе поголема промена кај перформансите.

Според информациите, Apple сака да почне да пушта нова верзија од М чиповите секоја година, исто како што тоа го прави со нивните А чипови, односно тие кои ги користи кај iPhone.

Што се однесува до други промени кај iMac, нема да има многу. Боите наводно ќе останат истите, дизајнот, како и изборот од само една големина на екранот, 24 инчи. Тоа што може да се очекува како промена е распоредот на компонентите внатре во уредот.

Гурман истакнува дека овие iMac компјутери веќе се во фаза на тестирање внатре во компанијата, што значи дека се ближиме до нивното претставување.

Вториот уред кој треба да привлече поголемо внимание е Mac Pro. Овој компјутер се’ уште нема добиено верзија со чип од Apple, па изгледа тоа конечно ќе се случи. Според Гурман, чипот на којшто ќе работи овој компјутер е M2 Ultra, кој треба да дојде со 24 процесорски јадра, 76 графички јадра, како и можност за меморија до 192GB RAM.

Веќе неколку пати можевме да прочитаме дека Apple се подготвува да пушти 15 инчна верзија од MacBook Air, па и Гурман го најавува истото. Дополнително тој најавува претставување на нова верзија од стандардниот MacBook Air. Не е познато на кои чипови би работеле овие компјутери, а доколку се работи за некоја верзија од М2 чипот, тие многу брзо може да станат „застарени“.

За идната година може да се очекуваат М3 Pro и M3 Max верзиите кај MacBook Pro компјутерите, а iPad Pro ќе ја добие и својата прва OLED верзија и ќе работи со М3 чипот.

ИЗВОРBloomberg
Претходна статијаСкопскиот аеродром ја доби наградата за квалитет на аеродромски услуги за 2022 година
Следна статијаКопаоник бизнис форумот и оваа година посветен на клучните предизвици на целиот регион
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.