NASA официјално започна со тестирање на Ingenuity малиот хеликоптер кој беше однесен на Марс заедно со Perseverance роверот. Пропелерите на хеликоптерот биле вклучени за „high speed test“, по што требало да започне и првиот лет во место.

Ова сепак не се случува и летот е одложен и би се случил не порано од 14-ти април.

Причината за одложувањето е појава на проблем од страна на системот кој е задолжен за безбедноста на хеликоптерот. Проблемот е забележан за време на промената од состојбата пред летање, во состојба на летање на хеликоптерот, односно оваа промена се нема случено и е одложена.

Од NASA го истакнуваат ова и додаваат дека системот успешно функционирал, па кога го открил проблемот, летот е откажан. По добивањето на сите информации од хеликоптерот, NASA ќе ја направи потребната анализа, по што ќе биде закажан новиот обид за лет.  

ИЗВОРSciTechDaily
ИЗВОР 2NASA
Претходна статијаФИТР: Од 706 пријавени дури 540 компании аплицираат за прв пат на јавните повици на Фондот
Следна статијаНовата Samsung Galaxy S21 серија спасува 45 илјади дрвја годишно
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.