Наредните три Apple настани, поточно тие кои се одржуваат во септември и на кои се претставуваат главните нови iPhone телефони, ќе бидат поинтересни од обично.
Ова е главната тема на најновиот неделен билтен од Марк Гурман преку кој најавува целосен редизајн на iPhone во 2027 година, односно на 20 годишнината од претставувањето на првиот iPhone.
Гурман најавува почеток на три годишен план за редизајнирање на iPhone кој веќе со години изгледа исто, со минимални промени. Ова е ситуацијата на целиот пазар, па после години на целосна промена на изгледот на телефоните, сега веќе пет години, а може и повеќе, тие изгледаат во главно исто.
Планот за редизајн на iPhone според Гурман ќе започне оваа година со претставувањето на iPhone Air, тенкиот iPhone кој ќе донесе нешто поразличен избор за корисниците.
Идната година се најавува претставувањето на првиот iPhone на преклоп, кој ќе биде во стилот на Galaxy Z Fold, односно во форма на смартфон кој се отвора во помал таблет.
Овој уред ќе биде првиот нов вид на iPhone после повеќе години, но главниот редизајн ќе дојде во 2027 година, за 20 годишнината од претставувањето на iPhone.
Како што веќе можевме да прочитаме, новиот Liquid Glass дизајн се смета како вовед и насочување кон новиот дизајн на iPhone кој треба да биде направен со заоблено стакло од сите страни на предната страна.
Со тоа ќе се добие iPhone кој воопшто нема рамки околу екранот и е целиот „стакло“. Ова е нешто што ќе треба да оди доста со новиот дизајн на iOS, па според некои ова е и логиката зад „непотребниот“ Liquid Glass.
Во објавата Гурман повторно ги спомена и другите уреди кои се очекуваат во месеците што следат, како нови М5 iPad Pro, Apple TV, нов монитор и повеќе.