Вчера најновите флегшип телефони на Samsung од серијата Galaxy S25 го видоа светлото на денот: моделите Galaxy S25Galaxy S25+ и Galaxy S25 Ultra беа претставени и повторно ги срушија бариерите за она што го нарекуваме најнапредно мобилно искуство. 

Во срцето на серијата Galaxy S25 е револуционерна вештачка интелигенција која донесува врвни перформанси и напредни функции кај овие телефони. Galaxy S25 Ultra, Galaxy S25+ и Galaxy S25 со новиот кориснички интерфејс One UI 7 стануваат вистински ВИ придружници кои ќе го револуционизираат вашето секојдневие. За тоа е заслужен и чипот Snapdragon® 8 Elite за Galaxy кој е оптимизиран специјално за серијата Galaxy S25 и обезбедува водечки перформанси во мобилната индустријата и исклучителни карактеристики, особено во употребливоста и брзината на функциите со вештачката интелигенција, зголемувајќи ги перформансите од 40% во NPU, 37% во CPU и 30% во GPU во споредба со претходната генерација.

Систем од паметни функции со безбедноста на податоците во фокус

Искуствата овозможени од серијата Galaxy S25, како што се наоѓање стара фотографија во галерија или сумирање на вашиот ден со помош на функцијата Now Brief, се напојувани со моќен систем за лични податоци, кој безбедно управува со податоците зачувани на вашиот уред и гарантира дека вашата приватност секогаш е на прво место. Personal Data Engine ги анализира и разбира вашите податоци за да ви обезбеди персонализирани искуства согласно вашите преференции, активности, па дури и сеќавања. Овие персонализирани функции потоа се достапни во повеќе апликации за постојано и поврзано корисничко искуство.

Веќе сте запознаени со функцијата Пребарување со заокружување (Circle to Search) која овозможува пребарувањето на екранот на вашиот телефон да биде лесно и едноставно како никогаш досега. Со новото ажурирање достапно на телефоните од серијата Galaxy S25, пребарувањето сега е уште покорисно, брзо и контекстуално приспособено. Circle to Search сега брзо ги препознава телефонските броеви, адресите на е-пошта и URL-адресите на екранот, овозможувајќи ви да се јавите, да испратите е-пошта или да посетите веб-страна со еден допир.

Дополнително се унапредени и останатите популарни алатки на Galaxy AI за комуникација, продуктивност и креативност. Galaxy S25 ги организира повиците со функцијата Транскрипција на повик (Call Transcript) и резиме; функциите за Помош при пишување (Writing Assist) како што е резимирање на содржина или автоматско форматирање белешки може да се овозможат онаму каде што може да се избираат текстови, без потреба од префрлање помеѓу апликации; функцијата Помош за цртање (Drawing Assist) отвора нови можности за оживување на идеите преку комбинирање на скици, текст или визуелни насоки.

Револуција во мобилната фотографија и креативното уредување

Galaxy S25 серијата поставува нови стандарди за мобилната фотографија, со сензори со висока резолуција и ProVisual Engine за максинално детални снимки. Ултра-широката камера од 50 MP обезбедува врвна јасност и живописност, а 10-битното HDR снимање нуди четири пати побогат израз на боите. Galaxy S25 обезбедува исклучителни резултати и при слаба светлина, со уште понапредно намалување на бучавата благодарение на моќниот процесор.

Новите алатки за уредување ги прават напредните функции достапни за сите. Audio Eraser ги отстранува несаканите звуци, додека пак со Virtual Aperture која е интегрирана во популарниот режим Expert RAW, се контролира длабочината на полето за мобилно искуство налик на DSLR. Galaxy S25 ја подобрува кинематографската креативност со Galaxy Log и прецизни опции за градирање на боите. Функцијата Portrait Studio дозволува креирање на аватари со реални изрази, додека новите филтри додаваат филмска естетика на фотографиите и видеата.

Дизајн кој веднаш ќе ве плени

Серијата Galaxy S25 се одликува со беспрекорен дизајн, задржувајќи ги заоблените рабови кај сите три нови модели. Galaxy S25 Ultra кој овој пат е за 15% потенок од своите претходници,  се одликува со издржлив титаниум и со новиот Corning® Gorilla® Armor 2, уникатен материјал кој е поиздржлив од стаклото. Ја комбинира стакло-керамиката на Corning со сопствен третман на анти-рефлексната површина, со што се обезбедува напредна заштита од паѓање покрај третманот на анти-рефлексната површина и отпорноста на гребење. Можете да го имате во една од прекрасни бои како  титаниум сребрено-сина, титаниум црна, титаниум бело-сребрена и титаниум сива.

Секоја надворешна компонента на Galaxy S25+ и стандардниот Galaxy S25 сега вклучува најмалку еден рециклиран материјал, додека металната рамка за првпат содржи рециклиран оклопен алуминиум. Овие два модели ќе бидат достапни во темносина, сребрена, ледено сина и ментол зелена боја

Во комбинација со седум генерации на надградби на оперативниот систем и седум години безбедносни ажурирања, серијата Galaxy S25 обезбедува сигурни и оптимизирани перформанси во подолг животен век.

Импресивни, со напреден интерфејс, тренди и корисни за сите – од љубителите на иновативните технологии до дигиталните номади, трендсетерите, па дури и почетниците кои штотуку ги запознаваат карактеристиките на вештачката интелигенција – новите телефони Galaxy S25, Galaxy S25+ и Galaxy S25 Ultra со сигурност ќе ви пружат единствено мобилно искуство, многу подобро од што очекувате. 

Уредите од најновата серија Galaxy S25 веќе се достапни за нарачка. Бидете чекор пред сите и нарачајте го вашиот нов Galaxy S25, Galaxy S25+ или Galaxy S25 Ultra веднаш.

Претходна статијаТелеком со проект за паметно осветлување во општина Велес кој ќе обезбеди заштеди на енергија и заштита на животната средина
Следна статијаСите Galaxy S25 модели на сите пазари во светот ќе работат на Snapdragon 8 Elite