Фото: Microsoft

Microsoft денеска претстави нов компјутер кој до некаде може да се нарече и одлична алтернатива на Mac mini за бизнис корисниците. Windows 365 Link, како што е наречен новиот уред, е направен да функционира само со поврзување со Windows инсталиран во „облакот“, односно со Windows 365 сервисот.

Поради ова, Windows 365 Link нема потреба од сериозен хардвер и може да се продава по цена од 349 долари, што изгледа го прави еден од најевтините компјутери на пазарот. 

Корисниците кои имаат потреба од посериозни перформанси можат да изберат подобра конфигурација во „облакот“, а малиот уред на нивната страна треба да е доволно способен само да ја прикажува сликата од оддалечената Windows инсталација. 

Фото: Microsoft

Со оглед дека се работи за бизнис уред, истиот овозможува доста безбеден начин на функционирање со „заклучен“ систем на кого корисниците не можат да му ги менуваат прилагодувањата за безбедност, а и ниту една апликација не е локално на самиот уред. Корисниците исто така мораат да се најават со Microsoft Entra ID и со дво-факторска автентикација.

Windows 365 Link доаѓа со можност за поврзување на два 4К екрани, има 8GB RAM и 64GB простор за податоци. За разлика од Mac mini, Windows 365 Link доаѓа со x86 чип, односно со Intel чип. 

Планот е уредот да стане достапен од идниот април. 

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Windows Central
Претходна статијаChromeOS можно е целосно да биде заменет и интегриран во Android
Следна статијаБесплатни работилници за вештачка интелигенција инспирирани од „The AI Journey“ – прва книга за ВИ на Балканот
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.