Microsoft веќе одамна овозможува најава на корисниците на нивните сметки без користење на лозинка, со добивање на известување за најава преку Microsoft Authenticator апликацијата.

Сепак, иднина на тргањето на лозинките како начин на најава ќе биде во форма на веќе познатите и широко достапни „passkeys“. Поддршката за најава со овие „клучеви“ Microsoft ја додаде кај Windows 11 минатата година, а сега оваа поддршка доаѓа кај Microsoft сметките за приватните корисници.

Креирањето на „клуч“ може да се направи од било кој уред кој има поддршка, а во денешно време тоа се повеќето, а корисниците треба да отидат во „Add a new way to sing in or verify“ делот во „Advanced Security Options“ во нивната Microsoft сметка.

Поддршка за креирање на „passkeys“ имаат познатите системи, како Android, iOS, Windows, macOS, како и апликации како Google Chrome, Bitwarden за чување на клучевите и слично.

Најавата со ваков „клуч“ потоа се прави преку биометриската автентикација која ја користи корисникот на неговиот уред, односно едноставно преку негова идентификација со отисок од прстот, лицето и слично.

Што се и како функционираат „passkeys“ ?

„Passkeys“ функционираат преку креирање на два уникатни клучеви кои се поставуваат на страната од сервисот и на уредот на корисникот. За успешна најава потребно е овие клучеви да се согласуваат, во спротивно нема да може да се направи најавата.

Клучот на уредот од корисникот се чува во посебниот дел од чипот наменет за вакви датотеки, а до него се пристапува преку биометриската автентикација која ја користи корисникот.

Ваквиот начин на најава на сервисите треба да е имун на „фишинг“ нападите, поради фактот што не може да се вметне погрешен клуч или едната страна да биде излажана.

Видеото во продолжение на краток и едноставен начин го објаснива функционирањето на „passkeys“.

ИЗВОРMicrosoft
Претходна статијаЗапочна да функционира системот за заштита од несакано следење преку мали Bluetooth уреди на Apple и Google
Следна статијаWindows 11 бележи пад на пазарниот удел на сметка на постариот Windows 10
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.