Microsoft го најави својот нов Surface уред со кој на изненадување на сите се врати на пазарот на смартфони, минатата година. Surface Duo е уред кој работи на Android, се разбира со повеќе промени направени од страна на Microsoft.

Главната карактеристика на Surface Duo, за разлика од повеќето други Android уреди, како што сигурно веќе знаете, се двата екрани кој се споени еден до друг и му овозможуваат на уредот да се затвори како книга.

Замислата на Microsoft е да покрај како мобилен телефон, Surface Duo се користи како уред кој ќе ја подобри продуктивноста на корисниците поради тоа што ќе можат да ги користат своите апликации на две екрани, нешто што ќе им овозможи нов начин на работа.

Иако не сме уште сигурни дека еден ваков уред навистина би бил подобар за користење од обичен мобилен телефон, а посебно во споредба со уреди како Galaxy Z Fold2, од Samsung, сепак можеме да замислиме дека навистина одредени работи е многу подобро да се прават кога се достапни два екрани.

Примери кои одат во прилог на практичноста на еден ваков уред се читањето на книги, со што вака се добива впечаток како да се чита од обична книга, со двете страни отворени во исто време. Тука е и разгледувањето на имејл пораки, па со два екрани може да се чита порака, додека останува листата на мејлови отворена на другиот екран.

Microsoft исто така користи алгоритам којшто треба да оцени кога корисникот отвора нешто, дали треба да го прикаже на другиот екран или е повеќе практично на истиот. Промените на Android оперативниот систем сигурно се поголеми од тие што ги прават другите производители, а исто така може да се забележи дека корисничкиот интерфејс е направен на основа на популарниот Microsoft Launcher за Android.

Од оваа недела корисниците во САД ќе можат официјално да го купат Surface Duo, односно да го нарачаат, по што ќе го добијат почнувајќи од 10-ти септември. Цената како што се очекуваше е прилично висока и истата изнесува 1.399 долари.

Со пуштањето во пред-продажба, конечно ги имаме и точните карактеристика на Surface Duo, па и тие се како што се очекуваше, односно и покрај цената, овој уред има карактеристики соодветни за средната, односно средно високата класа.

Surface Duo доаѓа со две AMOLED екрани со големина од по 5,6 инчи и резолуција од 1.800 на 1.350 пиксели. Кога ќе се отворат двата екрани се добива „екран“ со големина од 8,1 инч и резолуција од 2.700 на 1.800 пиксели.

Уредот работи на ланскиот Snapdragon 855 и има 6GB RAM, како и избор од 128 и 256GB простор за податоци. Не доаѓа со 5G можност, па кога ќе се земат и другите карактеристики, доколку се покаже како доволно популарен овој уред, сигурно ќе може да очекуваме подобра верзија веќе идната година.

Surface Duo има само една камера која може да се користи како селфи камера и како главна. Таа е со 11 мегапиксели, па останува да видиме што ќе покажат тестирањата за нејзиниот квалитет.

Батеријата на уредот е поделена на двата екрани, односно достапни се две батерии, но тие сепак имаат не толку голем вкупен капацитет од 3.577 mAh, но можеби со нешто послабите карактеристики, ќе може да се користи скоро цел ден.

ИЗВОРWindows Central
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаTwitter воведе избор за тоа кој може да одговори на „твитовите“
Следна статијаSingular тимот од Скопје освои меѓународна награда за иновативна технологија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.