После успешно завршено тестирање, Twitter од оваа недела на сите корисници ќе им овозможи да можат да изберат кој ќе може да се вклучи во нивната дискусија со коментари, односно кој ќе може да одговори на нивните „твитови“.

Изборот ќе биде составен од три можности, односно првата ќе биде стандардната, сите да може да одговорат на твитот, втората ќе ги ограничи одговорите само на тие кои корисникот ги следи, додека третата можност ќе им дозволи да одговорат само корисниците кои се „споменати“.

Првата можност, таа каде сите ќе може да одговорат, ќе остане стандардната, односно ограничување на одговорите ќе има само доколку корисниците тоа го изберат.

Промената ќе може да се прави при објава на мрежата, поточно, ќе биде додаден изборот на видно место, над копчињата за додавање на слики и слично.

Без разлика која можност е избрана, сите кои го следат тој корисник ќе можат да го видат „твитот“, а исто така ќе можат да го споделат, каде ќе може и да коментираат.

За корисниците кои немаат право на коментирање, односно одговор на „твитот“, копчето за одговор ќе им биде избледено, а и ќе бидат информирани за прилагодувањата на тој „твит“.

Според Twitter, од тестот кој го имаат направено на оваа нова функција, корисниците истакнале дека се имаат чувствувано побезбедно да објават нешто на мрежата и да започнат дискусија. Тоа е така затоа што на овој начин можат да се заштитат од несакани одговори кои често се со намера да нападнат некого и слично.

Изборот за одговорите ќе им биде достапен на сите корисници на Android и iOS, а исто така за тие кои пристапуваат на мрежата преку интернет прелистувач.

ИЗВОРTwitter
ИЗВОР 2PhoneDog
Претходна статијаПоследната Blockbuster продавница во САД ќе овозможи преспивање преку Airbnb и гледање на филмови на VHS касети
Следна статијаMicrosoft почна да го продава Surface Duo за 1.399 долари – уредот ќе им биде достапен на корисниците од 10-ти септември
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.