Microsoft официјално ја претстави интеграцијата на вештачката интелигенција во нивните апликации од Microsoft 365 пакетот. Microsoft 365 Copilot е наречена оваа нова серија на функции која ќе стане дел од апликациите Word, Excel, PowerPoint, Outlook, Teams, Viva, Power Platform и други.

Очекувано, Microsoft 365 Copilot се тестира на мал број на компании во моментот, а поширока достапност може да се очекува во месеците што следат, кога ќе биде најавена и цената за користење на овој ВИ асистент во работата.

Како што можеме и да претпоставиме, по користењето на новиот Bing изминатите нешто повеќе од месец дена, како и ChatGPT изминатите месеци, Microsoft 365 Copilot е тука да ја олесни работата на корисниците во секоја од апликациите на пакетот.

Какви функции, односно каква помош им нуди Microsoft 365 Copilot на корисниците? На пример, во Word може да се побара почнување на текст врз основа на одредени барања, па корисникот потоа да го дополни и заврши, одлично кога се нема конкретна идеја и инспирација како да се почне. Copilot е тука исто така за помош со веќе напишани текстови, па тие може да бидат скратени, повторно напишани или да биде даден совет за подобра исправка.

Во PowerPoint може да се креираат презентации врз основа на дадени насоки, но и врз основа на веќе готови документи од состаноци и слично, а во Excel може да се побараат анализи на одредени трендови, да се креираат визуелизации и повеќе.

Microsoft 365 Copilot ќе биде достапен и во Outlook каде ќе овозможи полесна организација на голем број пораки, односно нивно сумирање, подобро организирање и слично. Во Teams, како што веќе можевме да прочитаме и од претходни најави, ќе може да овозможи сумирање на состаноците, да дава предлози за одредени активности и многу повеќе.

Интеграцијата на вештачката интелигенција гледаме дека станува нешто суштинско за сервисите кои се нудат, па истата нема да остане ограничена само во овие апликации. Корисниците ќе имаат и пристап до функција наречена Business Chat која ќе овозможи кратко кажано, пристап до информациите кои ги имаат компании во нивната работа, претходно многу за да можат да бидат лесно анализирани.

Најавата од Microsoft доаѓа неколку денови по најавата од Google за интеграција на нивната технологија во Workplace апликациите, па гледаме дека овие две компании сега се посериозни конкуренти на целосно ново ниво.

ИЗВОРMicrosoft
Претходна статијаСе одржа конференција Pitch.Match.Grow vol. 2 насочена кон поддршка за интернационален настап на домашните стартапи
Следна статијаЌе се подобруваат капацитетите на нови десет општини преку програмата „Зајакнување на општинските совети“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.