Фото: Microsoft

Неколку месеци по пуштањето на Copilot за бизнис корисниците, поточно на бизнис пакетите од Microsoft 365, сега генеративната вештачка интелигенција е тука за сите корисници на порано наречениот Office пакет на апликации.

Пристапот до Copilot за приватните корисниците на Microsoft 365 Personal и Family пакетите е овозможен преку новиот Copilot Pro. Се работи за Pro верзија од Copilot која чини 20 долари месечно по корисник, што значи дека сепак е наменета за тие кои навистина им е потребна една ваква алатка.

Copilot Pro ја додава вештачката интелигенција на апликациите Word, Excel, PowerPoint, Outlook и OneNote на PC, Mac и iPad.

За тие кои не се претплатници на двата приватни пакети од Microsoft 365, Copilot Pro сепак доаѓа со корисни функции. Корисниците на Copilot Pro добиваат пристап до најновите технологии од OpenAI и Microsoft, односно до технологиите како GPT-4 Turbo, понапредно креирање на слики со Image Creator, како и најновата можност за креирање на сопствени изменети верзии од Copilot, односно Copilot GPTs.

Microsoft исто така најави дека Copilot сега им е достапен на сите бизнис корисници, односно веќе не е важна големината на компанијата. Тоа значи дека Copilot можат да го додадат претплатниците на сите бизнис пакети, а тргнато е и ограничувањето на бројот на корисници кои треба да се купат од 300 на 1.

Од компанијата не потсетија и на достапноста на Copilot како апликација на Android и iOS, а исто така оваа алатка ќе биде интегрирана и во мобилната апликација Microsoft 365.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Microsoft
Претходна статијаApple се очекува наскоро да им овозможи на европските корисници да инсталираат апликации надвор од App Store
Следна статијаБританскиот трилер „Лекарска грешка“ (Malpractice) на Pickbox NOW ја открива мрачната вистина за животот во болница
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.