„Прекрасно напишана драма за скриените опасности на НХС (Национална здравствена служба)“ – Гардијан

На 19 јануари на Pickbox NOW доаѓа возбудливата медицинска драма „Лекарска грешка“ (Malpractice), којашто ги освојува гледачите со својата интригантна приказна и комплексна главна хероина. Со оценка од високи 7.1/10 на ИМДБ, оваа серија претставува првокласно дело на познатата британска авторка Грејс Офори-Атах. Главната улога на лекарка обвинета за медицински скандал, извонредно ја толкува талентираната ирска актерка Нив Алгар, чии изведби ѝ донесоа преку 10 престижни номинации.

НОЌНА СМЕНА КОЈА МЕНУВА СÈ

Од авторите на бестселерите како што се „На должност“ и „Точка на вриење“, новата серија ја носи приказната за успешната и несреќна лекарка заплеткана во опасна завера. Емотивната приказна започнува со неочекувана загуба на пациент поради предозирање со опијати, којашто отвора темелна истрага за постапките на угледната докторка Лусинда Едвардс.

Низ прецизно водената нарација која го одвлекува вниманието на гледачите од самиот момент на првиот инцидент, серијата разоткрива комплексен контекст на медицински скандали и внатрешни судри во рамките на болничкиот систем.

КОЈ Е ВИНОВЕН?

Драмата Лекарска грешка длабоко навлегува во комплексноста на односите на работното место и во приватните животи на лекарите кои се борат за животите на луѓето. Низ пет напнати епизоди, вистината полека се открива, поставувајќи прашања за „сивата зона“ и моралноста на целиот медицински и правен систем. Серијата поставува интригантни дилеми кои ги поттикнуваат гледачите на размислување за етиката и одговорноста во медицинскиот свет.

Освен премиерата на серијата Лекарска грешка Pickbox NOW ви носи неверојатен избор на десетте најдобри серии во 2023 година кои ги освоија срцата на гледачите и добија пофалби од критичарите. Со повеќе од 120 светски и европски номинации, овие серии се нешто посебно.

Откријте ги најдобрите наслови на Pickbox NOW според рецензиите на публиката и критичарите од најпознатите светски портали кои се согласуваат околу квалитетот на овие наслови.

Претходна статијаMicrosoft го претстави Copilot Pro со пристап до најновите технологии и вештачка интелигенција за приватните корисници на Microsoft 365
Следна статијаMicrosoft својот Edge на мобилните почна да го нарекува „AI Browser“