Microsoft Flight Simulator, можеби најдобрата ваква игра на сите времиња, ја доби својата нова и модерна верзија во 2020. Играта во меѓувреме доби неколку надградби и поддршка за Xbox, а идната година можеме да очекуваме целосно нова верзија.

Microsoft Flight Simulator 2024, како што веднаш се заклучува од името, ќе биде пуштена идната година, но се’ уште не е откриена датата или барем периодот од годината кога може да се очекува.

Покрај дополнителното подобрување на веќе одличната графика и неверојатна реалност, новата верзија од играта ја прави нешто повеќе од доста реалистичен симулатор на летање.

Верзијата од идната година ќе овозможи летање со авиони за гаснење пожари, хеликоптери за спасување на луѓе и слични нови видови на летови кои досега не беа достапни.

Првиот „трејлер“ од играта веќе е пуштен, во рамите на Xbox Games Showcase кога беше претставена нова верзија од Xbox Series S и можете да го погледнете во продолжение.

Претходна статијаSkype добива временска прогноза, како и издвоени делови за Skype и обични телефонски повици
Следна статијаСоработката помеѓу Microsoft и OpenAI не е без проблеми како што изгледа во јавноста
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.