Фото: Microsoft

После нешто повеќе од една година од претставувањето за сите корисници, Microsoft Designer сега може да се каже дека е официјално достапна во својата финална верзија за сите корисници.

Microsoft најави дека сите корисници со приватна сметка можат да ја користат алатката која е достапна во форма на апликација преку веб, но и на мобилните, како и на Windows 11.

Во Windows 11 може да се очекува и дополнителна интеграција на алатката во други апликации, како што е Photos апликацијата, а треба да ја има и во Edge и во Office апликациите.

Microsoft Designer може да се каже дека е конкуренција на познатата Canva, а корисниците со помош на генеративната вештачка интелигенција можат да направат повеќе видови на дизајни.

Апликацијата овозможува генерирање на слики врз основа на насоки од корисникот, а тука се и различни формати за друштвените мрежи, покани за настани, позадини, стикери и повеќе.

Designer може да се користи и за измена на слики, па корисниците можат на пример да побараат тргање на позадината или додавање на заматеност, две доста популарни работи.

ИЗВОРMicrosoft
Претходна статијаGoogle Maps на iPhone ја доби одамна достапната функција за мерење на брзината при навигација
Следна статијаНаредната генерација од Galaxy Z Fold треба да има дебелина како обичните смартфони
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.