Meta, тогаш Facebook, го започна процесот на воведување на заштита на сите разговори преку нивно шифрирање пред години, а со тоа се најави унифицирање на овој дел кај трите нивни апликации. WhatsApp останува единствената апликација од Meta која ги овозможува овие разговори за сите свои корисници, но тоа нема да биде така уште долго.
Од компанијата најавија дека ја прошируваат достапноста на шифрирани разговори за дополнителни милиони корисници, а за сите корисниците ќе биде пуштена до крајот на годината. Ова важи за разговорите преку Messenger, но и преку Instagram.
За да нема забуна, Messenger одамна им овозможува на корисниците да посебно вклучат шифрирање на разговорите, но тоа подразбира целосно посебен разговор, а достапните функции во главно не можеа да се споредат со „обичните“ разговори.
Целта на Meta е да сите разговори се шифрирани без за тоа да е потребно посебно вклучување од страна на корисниците или со други зборови, корисниците веќе нема да имаат нешифрирана комуникација преку Messenger и другите.
До пуштањето на оваа функција за сите разговори и корисници можевме да видиме како од компанијата постепено ги зголемуваат функциите достапни на шифрираните разговори кои посебно се вклучуваат.
Тие со најавата за проширувањето на достапноста истакнаа и колку долг и сложен процес било за нив ова, па затоа е и доцнењето од година до две, според претходните најави.
Главната промена може да се каже дека е во основата на функционирање на сервисот, кој сега е целосно зависен од серверите на компанијата. Со цел шифрирање на сите делови од разговорите, ова морало да биде преработено од почеток.
Од компанијата истакнуваат дека преработени биле повеќе од 100 функции кои сега се направени да функционираат од самиот уред на корисникот, наместо од серверите на компанијата.
Еден ваков пример е прикажување на слика од YouTube видео кое е споделено во порака. Сликата досега била повлекувана од страна на серверот, но сега истото се прави на самиот уред од корисникот, од апликацијата.
Предизвикот да сето ова се постигне, а да се задржи брзината на апликацијата е нешто што морало да биде надминато.
Шифрирањето на разговорите не е нешто што им се допаѓа на властите во светот. Комуникацијата помеѓу корисниците на овој начин останува приватна, па дури ни Meta, а со тоа и властите, не можат да ја видат.
Секако, тука се поставува прашањето дали на компании како Meta може да им се верува дека немаат оставено некоја „задна врата“, како што се нарекува, за да сепак може да се дојде до разговорите на корисниците.