Messenger од Facebook веќе одамна има можност за користење на „од-крај-до-крај“ шифрирање на разговорите, но оваа функција не е интегрирана во сите разговори, па корисниците треба да започнат посебен разговор за да ја користат. Целта на Meta е да на крај сите разговори се шифрирани, односно корисниците да не мора да ја бираат оваа можност, нешто што е одамна случајот кај WhatsApp, на пример.

Процесот на вклучување на шифрираните разговори за сите подразбира постепено додавање на функциите кои им се достапни на корисниците на Messenger, во шифрираните разговори. Овој процес веќе е започнат, па веќе можевме да прочитаме за додавање на доволно функции за да користењето на шифрираните разговори веќе вреди да се користи во секојдневната комуникација.

Сега шифрираните разговори во Messenger добиваат дополнителни функции кои покажуваат дека работата за нивно пуштање како стандарден начин за комуникација се ближи. Новите функции ги вклучуваат тие како можност за избор на теми за разговорот, посебно избрани „емоџи“ икони и реакции за разговорот, профилна слика за групните разговори, приказ на линковите, статус за дали корисникот е активен, како и можност за прикажување на овие разговори преку „bubbles“ на Android.

Со овој додаток на функции, заедно со претходните, може да се каже дека шифрираните разговори сега ги имаат повеќето функции кои се достапни стандардно за обичните разговори, па тие што сакаат додатна заштита и приватност на разговорите, веќе немаат пречки да почнат да ја користат шифрираната форма на разговори.

Од Meta додаваат и дека дополнително го прошируваат тестирањето на шифрирање на сите разговори, па во периодот што следи милиони корисници ќе забелажат дека нивните разговори сега се заштитени со од-крај-до-крај шифрирање.

Како и да е, уште нема рок кога може да се очекува пуштање на оваа функција за сите, па не е познато дали тоа ќе биде оваа година или дури идната.

ИЗВОРMeta
Претходна статијаОва е изгледот на новиот File Explorer во Windows 11
Следна статијаAndroid 14 ќе го блокира инсталирањето на постари апликации надвор од PlayStore
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.