Фото: Apple

Apple официјално ги пушти iOS 26, iPadOS 26, macOS Tahoe 26, watchOS 26 и tvOS 26 за сите корисници. Како и обично, досега овие верзии им беа достапни на програмерите, како и на обичните корисници преку јавната бета програма. 

Од денес, сите корисници на некој уред од Apple можат да ја инсталираат најновата верзија од оперативните системи, а како главна новина кај сите е додавањето на „стаклени“ ефекти кај корисничкиот интерфејс наречени Liquid Glass

Поради доцнењето со развојот на новата и понапредна верзија од Siri, за разлика од конкурентите, Apple нема што многу да презентира поврзано со вештачката интелигенција, а тоа може да се каже и дека е добро.

Надградбата на најновата верзија се прави како и секогаш, со отворање на Settings > General > Software Update. При отворање на овој дел проверката за нова верзија обично започнува автоматски, а достапно е и копче во случај да треба повторно да се провери. 

Процесот на надградба зависи од интернет конекцијата на корисникот, со оглед дека се симнува целиот оперативен систем, па може да се каже дека процесот трае околу 1 час, но уредот може да се користи до потребата од рестартирање. 

Како и при секоја надградба на било кој систем, се препорачува важните работи и податоци да се зачувани во облакот или зачувани на друга локација, во случај да нешто не испадне како што треба, колку и да се мали шансите. 

Фото: Apple

Liquid Glass веднаш ќе може да се забележи, а посебно на iPhone и iPad. Покрај малата разлика кај иконите, тие сега можат да се наместат и во проѕирен формат, со што се добива доста уникатен изглед. 

Разликата веднаш се забележува и кај папките, контролниот центар, како и на заклучениот екран кој сега овозможува и менување на големината на часовникот. 

На iOS 26 како поголеми новини се сметаат и целосно новата Photos апликација, редизајнирана Phone апликација и Camera апликација, како и Safari. 

На macOS 26 посебно се истакнува новата и доста понапредна верзија од Spotlight, донесувањето на Phone апликацијата, можноста за следење на Live Activities на горната лента, а секако сите апликации и елементи од системот се со новите Liquid Glass ефекти. 

Претходна статијаSamsung започнува со официјалната надградба на One UI 8 за Galaxy уреди
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.