Модерниот свет и брзањето да направиме сè, плашејќи се дека нешто пропуштаме изискува потреба на секој можен начин да си го олесниме секојдневието. Без разлика дали сме растргнати помеѓу работните обврски, времето за себе или потребата за социјализација и поминување квалитетно време со пријателите и најблиските, она за кое копнееме е поедноставување на малите нешта кои значат многу.

Тргнувајќи од потребите и желбите на своите потрошувачи, Samsung во серијата Galaxy S22 го носи она кое нѝ е најпотребно. Ја усовршува опцијата Мotion control (контрола со гестови) сè со цел подобрување на целокупното искуство кое го нуди најдобрата серија на паметни телефони. Идејата е следна – со помош на Мotion control  (движења и гестови) животот да го направат поедноставен. Со неколку движења со раката, можете да му кажете на телефонот да се вклучи, да го исклучи звукот на нотификациите или да направи слика од екранот(screenshot). Можете дури и да го натерате телефонот да вибрира кога ќе го подигнете откако ќе примите порака, како би ве потсетил веднаш да одговорите. Имате неколку секунди да го овековечите неповторливиот момент? Двапати кликнете на копчето за исклучување и камерата е отворена! Подигнете ја дланката и дадете команда за сликање и снимање!

Истражете и играјте наоколу со различните функции сè додека не ги најдете оние кои ви одговараат најмногу и исклучете ги или вклучете ги за да имате поголема контрола над телефонот.

Што сè може да направите со магичната функција – Мotion control?

Можете да комуницирате со вашиот телефон извршувајќи едноставни дејствија со вашите раце, како што се лизгање и допирање. Како да го активирате  Мotion control? Отворете ја опцијата Settings  (поставки), одберете ја опцијата Advanced features  (напредни функции), oдберете Motions and gestures (движења и гестови) и ќе ги добиете следниве опции кои по желба може да ги активирате или деактивирате:

Подигни за будење (Lift to wake)Со самото земање на телефонот во рака, екранот ќе се вклучи, така што лесно ќе можете да гледате нови известувања и пораки.

Допри два пати за да го вклучиш екранот (Double tap to turn on screen) –  Екранот ќе се вклучи кога двапати ќе го допрете. Ова ќе ви помогне да избегнете случајно вклучување на екранот.

Допри два пати за да го исклучиш екранот ( Double tap to turn off screen)Екранот ќе се исклучи кога двапати ќе допрете празно место на заклучениот или почетниот екран (Lock или Home screen).

Чувај го екранот вклучен додека гледаш (Keep screen on while viewing)Екранот ќе остане вклучен цело време додека го гледате, без да бара од вас да го допирате. Предната камера ќе го идентификува вашето лице за да го одржува осветлениот екран.

Тревога кога телефонот е кренат (Alert when phone picked up) –  Ако сте пропуштиле повик или порака, телефонот ќе вибрира откако ќе го земете.

Исклучете звук со гестови (Mute with gestures)Ставете ја раката над екранот за да ги исклучи алармите и повиците. Можете исто така да го свртите телефонот со екранот надолу за да го исклучите звукот.

Поминете со дланката за да направите екранска снимка (Palm swipe to capture)Повлечете по работ на раката преку екранот за да направите брза слика од екранот (screenshot). Забелешка: овој гест не е достапен кога се прикажува тастатурата на екранот.

Магија на дланка со S22 Ultra

Благодарение на подобрените функции на S Pen, сега не само што може да ја отворите апликацијата Камера, туку може да фотографирате, зумирате, да ја менувате главната со селфи камерата и буквално да давате команди преку притискање на копчето на S Pen и движење на самото пенкало. Во опцијата Settings одберете S Pen, потоа Air actions и активирајте ја опцијата за контрола на камерата со S Pen. Следно, отворете ја апликацијата Kамера и одберете ја функцијата во горниот десен агол на екранот (Air actions for camera) и дозволете Galaxy S22 Ultra да ве води кон неверојатните функции досега!

Животот е полесен со Samsung зар не?

Повеќе информации за S22/S22+ можете да погледнете на https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s22/, а за S22 Ultra на https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s22-ultra/

Претходна статијаSamsung Electronics на саемот ISE 2022 ја претстави новата ера на Micro LED технологијата
Следна статијаСе одржа DevCon 2022: Вмрежување и споделување на знаење од ИТ заедницата за ИТ заедницата