За разлика од минатата година кога Apple подоцна ја претстави новата генерација од iPhone, за оваа година се очекуваше дека тоа ќе се случи стандардно во септември. Од компанијата го потврдија истото со официјалното закажување на настан кој ќе се одржи на 14ти септември, поточно идниот вторник.

Како и обично, од Apple не потврдуваат во објавата за настанот што ќе биде претставено, но јасно е дека се работи за iPhone 13 телефоните, кои повторно се очекува дека ќе имаат четири варијанти, а се очекува и претставување на седмата генерација од Apple Watch.

Настанот повторно ќе биде само онлајн и ќе може да се следи во живо преку страната на Apple со почеток во 19:00 часот по македонско време.

Како главни очекувања за iPhone 13, покрај поновата генерација од Apple чипот, се помал исечок на екранот, како и стапка на освежување од 120 херци, нешто што беше најавено за ланските модели, но сепак не се покажа како точно.

ИЗВОРApple
Претходна статијаНајновите Samsung Bespoke фрижидери се достапни во Македонија
Следна статијаiPhone 13 уште не е претставен, а веќе ги гледаме првите неофицијални информации за iPhone 14
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.