Познатата App Store од Apple за мобилниот оперативен систем iOS оваа недела прави 10 години. Започна со работа во јули 2008 година и го промени начинот на којшто ги користиме мобилните телефони. Мобилните апликации се повеќе зимаат од „колачот“ на десктоп програмите, а повеќето од младите корисници мобилните апликации се се’ што користат.

Иако во денешно време најголемиот пазарен удел го има Android, сепак мобилната продавница на Apple останува популарна и во одредени области во значително водство пред Play Store на Android.

Статистика за работата на App Store води компанијата App Annie, сепак две години подоцна од започнувањето со работа, односно од 2010 година. Од оваа компанија објавија извештај за десетгодишнината на продавницата со сите податоци кои тие досега ги имаат собрано, па еве што може да се каже за App Store после 10 години на постоење.

App Store е место од каде корисниците имаат симнато апликации повеќе од 170 милијарди пати, трошејќи дури 130 милијарди долари на истите. Статистиките покажуваат дека околу 10.000 апликации имаат приходи поголеми од 1 милион долари, а вкупната бројка на апликации моментално која е достапна во продавницата изнесува повеќе од 2 милиони апликации.

Она што е интересно и ја прави посебна App Store продавницата е што таа се’ уште е главната продавницата каде се претставуваат одреден вид на апликации, а и корисниците се поспремни да платат за апликација во споредба со Android. Иако Android уреди има многу повеќе од iPhone и iPad уреди, сепак App Store од Apple привлекува двојно повеќе трошење од страна на корисниците.

Зависно од пазарот, меѓутоа во просек, корисниците на iOS имаат инсталирано околу 100 апликации од кои 40 ги користат активно. Како што би се очекувало и според продажбата на уреди, САД се најголемиот пазар на App Store, според симнати апликации, како и според потрошувачка за нив.

Најпопуларните апликации во сите овие години, односно апликации со најмногу симнувања се следните:

  1. Facebook
  2. Facebook Messenger
  3. YouTube
  4. Instagram
  5. WhatsApp
  6. Google Maps
  7. Snapchat
  8. Skype
  9. WeChat
  10. QQ

Слободно може да се каже дека листата ја „држат“ Facebook и Google, со првото, второто, четвртото и петтото место за Facebook, односно третото и шестото место за Google.

На листата се прикажани и најмногу симнуваните игри на App Store, а листата за нив изгледа вака:

  1. Candy Crush Saga
  2. Subway Surfers
  3. Fruit Ninja
  4. Clash of Clans
  5. Honour of Kings
  6. Minion Rush
  7. Angry Birds
  8. Temple Run 2
  9. Temple Run

Asphalt 8: Airborne

ИЗВОРApp Annie
ИЗВОР 2TechCrunch
Претходна статијаPornhub започна да користи вештачка интелигенција за означување на „звездите“ и видеата
Следна статијаПрва мејнстрим серија во која редовно играат глувонеми лица
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.