Нема вртење од околу. Уште во првите минути од првата епизода дознаваме дека две тинејџерки уште како бебиња биле заменети во родилиштето и дека целиот живот живеат со погрешни родители. И додека Беј Кениш (Ванеса Марано) расте во богато семејство со мајката Кетрин (Лија Томпсон) и со поранешниот играч во бејзбол Џон (Д. В. Мофет), Дафни Васкез (Кејти Леклерк) е одгледана во сиромашно семејство без татко, од мајката Реџина (Констанс Мари), излечена алкохоличарка, која одвај врзува крај со крај. Дафни на тригодишна возраст го изгубила слухот заболувајќи од менингитис. Но, набргу дознава дека љубовта кон готвењето ја наследила од Кетрин, а спортскиот талент од својот татко Џон. Беј, од друга страна, има смисла за уметност – баш како Реџина.

Награда за хуманитарните напори

Интересно е што „Заменети при раѓање“ го интегрираше знаковниот јазик во серијата затоа што повеќе главни ликови зборуваат исклучиво на јазикот на глувите. Истовремено, тоа е прва мејнстрим серија во која редовно играат повеќе глуви лица и лица со оштетен слух, како и прва серија во која цели сцени се снимени на знаковен јазик. Поради таквиот пристап, ова е ретка телевизиска серија, која е наградена со угледната награда „Пибоди“ што се доделува за хуманитарни напори. Серијата ја помогна културата на глувонемите и привлече внимание на нивната проблематика. Тоа е така бидејќи таа нѐ учи колку многу може да научиме за друга личност без да изговориме ниту еден збор.

„Глумата навистина зависи од тоа како ги користите рацете“, рече актерката Леа Томпсон за списанието „Парејд“: „Тоа е голем актерски предизвик и е еден од оние што никогаш нема да ги заборавам“. „Она што најмногу го сакам кај серијата е фактот дека никогаш не сме се плашеле да допреме некои тешки и незгодни теми. Уверена сум дека со серијата ќе ги забавуваме и ќе ги образуваме нашите гледачи“, рече Кејти Леклерк.

Сите сезони на серијата може да ги гледате на Pickbox, а една од главните актерки, Лија Томпсон, за последната сезона рече: „Сите беа среќни и тажни истовремено. Серијата завршува навистина прекрасно. И ве остава во расположение дека не сте го потрошиле времето залудно, дружејќи се со нас пет години.“

Претходна статијаApp Store на iOS оваа недела прави 10 години од почетокот со работа, а еве неколку статистики поврзани со апликациите
Следна статијаS Pen во Galaxy Note 9 ќе дојде со Bluetooth и ќе има многу повеќе функции