Instagram официјално дојде на iPad, односно ја доби својата прва прилагодена верзија специјално за овој таблет компјутер од Apple. Со оглед на тоа колку години од компанијата одбиваа да направат посебна верзија за iPad, гласините кои ги читавме оваа година беа скоро за неверување. 

Апликацијата е тука и корисниците можат да ја симнат преку App Store, а доколку ја користеа iPhone верзијата која може да се инсталира на iPad, се што треба е да ја ажурираат апликацијата. 

За разлика од досега достапна апликација, која можеше да се користи во iPhone формат или дупло зголемена, Instagram сега на iPad има целосно нов и посебен кориснички интерфејс. 

Тој иако потсетува до некаде на веб интерфејсот, сепак има одредени разлики, а главната е дека кога ќе се отвори апликацијата, наместо објавите од корисниците, се разгледуваат reels видеата. 

Со тоа овие видеа доаѓаат во преден план на iPad, а за разгледување на објавите од пријателите потребно е да се притисне на второто копче на лентата која е поставена на десната страна. 

Апликацијата исто така има посебни анимации за разлика од iPhone верзијата, а иако се работи за прва верзија, истата функционира без проблеми. 

Претходна статијаПретставена Dolby Vision 2 која треба да донесе неколку новини и подобрувања кај технологијата
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.