Huawei денеска ги претстави телефоните од Mate 40 серијата и како што би се очекувало, овие телефони го донесуваат најдоброто од компанијата во овој момент. Во случајот на Huawei оваа изјава навистина значи нешто, па сите делови од телефоните имаат новини, односно подобрувања.

Три телефони ја сочинуваат новата Mate 40 серија, односно Mate 40 Pro, Mate 40 Pro+, како и основен Mate 40, а тука е и посебната варијанта наречена Mate 40 Porsche Design.

Кај новите Mate 40 веднаш се забележува промената во дизајнот, односно Huawei се трга од трендот на големите, квадратни модули за камера и се враќа, иако со понов дизајн, на тркалезни модули, што може да се каже дека изгледаат одлично.

Исто така, новите Huawei Mate 40 Pro и Mate 40 Pro+ доаѓаат со најновиот и во 5nm направен чип, Kirin 9000, што значи дека корисниците може да очекуваат одлични перформанси, кои ќе им конкурираат на телефоните кои ќе бидат претставувани во наредните месеци и повеќе.

Основниот, така да го наречеме, модел, односно Mate 40 доаѓа со нешто послабиот Kirin 9000E, но сепак и во овој случај се работи за чип од најновата генерација од компанијата, што значи дека корисниците како и да е добиваат подобрување во споредба со претходните модели.

Екраните доаѓаат со големина од 6,76 инчи кај Pro моделите, односно со 6,5 инчи кај основниот модел. Резолуцијата е нешто поголема кај Pro моделите и наместо Full HD, таа изнесува 2.772 на 1.344 пиксели.

Најважно од се, трите модели доаѓаат со екрани со стапка на освежување од 90Hz, што ќе овозможи подобро гледање на анимациите, односно генерално промените на екранот, додека „чувствителноста“ на допир е одлични 240Hz, за брза реакција.

Корисниците добиваат 8GB RAM и 256GB простор за податоци кај основниот Mate 40, како и 12GB RAM и 256GB простор за податоци кај Pro моделите.

Како и за секој телефон од највисоката класа кај Huawei, така и новите Mate 40 ќе го постават стандардот за камерите на пазарот. Очекуваме дека повторно ќе ги добијат наградите за најдобра камера, како и оценките од релевантните „тестирачи“.

Камерите кај Mate 40 Pro+ се 4 и тие вклучуваат сензори со 50 мегапиксели кај главната камера, со f/1.9 и најголем сензор на пазарот, 20 мегапиксели „Cine“ камера со ултра широк агол, 12 мегапиксели камера за зумирање, како и уште една за супер зумирање со 8 мегапиксели. Телефонот има е додатен сензор за длабочина на сликата, со што се добиваат и дополнителни ефекти при сликањето.

Кај Mate 40 Pro поставеноста на камерите е слична, односно овој модел има помала можност за зумирање, а исто така го нема сензорот за длабочина. Mate 40 моделот па доаѓа исто така со 50 мегапиксели главна камера, 16 мегапиксели камера со ултра широк агол и 8 мегапиксели камера за зумирање.

Деталите околу новите Mate 40 телефони дополнително можете да ги прочитате во следната статија од производителот.

ИЗВОРGSMArena
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаНајновиот клиент на новата компанија на Џони Ајв е Airbnb
Следна статијаЧекор напред со HUAWEI Mate 40 серијата: Huawei ја претстави најмоќната постава на Mate досега
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.