22 октомври 2020 – Huawei Consumer Business Group (BG) денес ја засили својата линија на производи со напредната серија HUAWEI Mate 40, најновите револуционерни паметни телефони што им овозможуваат на корисниците чекор напред во технологијата. Прикажувајќи го врвот на технологијата на Huawei, новата серија ја зајакнува посветеноста на компанијата кон иновациите и непоколебливата решеност да го создаде најдобриот Mate досега.

HUAWEI Mate 40 серијата ја има ДНК од Mate серијата во својата суштина. Во текот на последните осум години, бевме сведоци на 10 извонредни Mate уреди и сега најновите паметни телефони го носат Mate кон нови достигнувања со најдобрата технологија во индустријата. Од моќни перформанси до уникатна корисничка интеракција, сè според идејата за најдобро искуство со паметен телефон. HUAWEI Mate 40 Pro и HUAWEI Mate 40 Pro+ се базираат на првиот и единствен 5-нанометарски 5G SoC, Ultra-Vision cine камера, Space Ring дизајн и попаметно и поинтуитивно дигитално искуство.

Ричард Ју, извршен директор на Huawei Consumer Business Group, изјави од сцената: “Секоја година, серијата Mate ги собира највисоките технолошки достигнувања во неверојатен уред. Ова е суштината на Mate и тоа го овозможуваме со нашата посветеност кон иновациите. Во овие непредвидливи времиња, нашиот фокус останува на создавање подобра иднина, со иновативни технологии кои имаат позитивно и значајно влијание врз животот на потрошувачите. Ние ќе продолжиме да работиме со нашите партнери за да им го овозможиме искуството на Seamless AI Life на корисниците ширум светот.”

Чекор напред со иконскиот Space Ring дизајн

Како спој на иконски дизајн со иновативни технологии и прецизна изработка, HUAWEI Mate 40 Pro и HUAWEI Mate 40 Pro+ го следат принципот дека формата е израз на функционалност. Карактеристичниот HUAWEI 88° Horizon Display создава извонредно визуелно поле во компактно тело, а мазните, заоблени агли удобно се вклопуваат во дланката на корисникот. Уредите исто така нудат IP 68 отпорност на вода и прашина, можност за контрола на јачината на звукот со виртуелни и физички контроли и напредни алгоритми за да се спречат реакции при случаен допир.

Олицетворение на чиста убавина, HUAWEI Mate 40 Pro и HUAWEI Mate 40 Pro+ имаат помал слот за предната камера, во кој се наоѓа 3D отклучување со препознавање на лице (3D Face Unlock), Ultra-Vision селфи камера и Smart Gesture Control.

Задниот дел на уредите го имаат таканаречениот Space Ring Design, еволуција на дизајнот на серијата заснован на круг и симетрија. HUAWEI Mate 40 и HUAWEI Mate 40 Pro се достапни во црна и бела варијанта, како и во неговата неодолива Mystic Silver боја, постигната со облога што создава ефект на промена на бојата и нè носи во мистеријата на невидливото. Исто така, има и две верзии од еко кожа, Sunflower Yellow и Olive Green. HUAWEI Mate 40 Pro+ има нано-керамички панел во две бои – Ceramic White и Ceramic Black.

Чекор напред со Kirin 9000 за нови стандарди, перформанси и 5G

Во срцето на најдобриот Mate е серијата Kirin 9000, целосно опремена за 5G, способна за интензивни пресметки и мултитаскинг, што ги изведува со леснотија. Имплементиран во HUAWEI Mate 40 Pro и HUAWEI Mate 40 Pro+, Kirin 9000 е најсофистицираниот 5nm 5G SoC, гарантирајќи огромен скок во перформансите и енергетската ефикасност во однос на претходникот. За прв пат, главниот чипсет има повеќе од 15.3 милијарди транзистори, што е невидена густина и функционалност на 5G SoC. Моќниот CPU има три нивоа на архитектура за ефикасност на енергијата со јадра што работат на фреквенција до 3,13GHz. Исто така, интегриран е и 24-core Mali-G78 GPU, како и иновативната NPU со 2 големи јадра и 1 мало јадро, што достигнува нов врв во вештачката интелигенција која е на самиот уред.

24-core Mali-G78 GPU во HUAWEI Mate 40 Pro и HUAWEI Mate 40 Pro+ е најмоќниот графички процесор до сега инсталиран во уред на Huawei. Благодарение на него, корисникот ќе ужива во високи графички перформанси, како и неверојатно искуство со аудио и видео на игрите. Дисплејот со 90Hz работи заедно со 240Hz фреквенцијата на обработка на допир за да обезбеди брз одговор на вашите чекори. Овој аудио-визуелен систем е надополнет со два стерео звучници за да создаде супер бас.

Серијата HUAWEI Mate 40 исто така користи напредна технологија на батеријата за да ги задоволи потребите на 5G и најбрзата верзија на HUAWEI SuperCharge.

Чекор напред со сеопфатен систем дизајниран да ја направи фотографијата едноставна

Фотографскиот систем на серијата HUAWEI Mate 40 е развиен заедно со Leica во потрага по најдоброто можно решение и уште еден чекор напред кон нови надградби на ултра-широката леќа, моќна главна камера со висока резолуција, импресивна телефото камера и многу повеќе. Со Dual Cine и Dual Ultra-Wide камерите на HUAWEI Mate 40 Pro и HUAWEI Mate 40 Pro+, корисниците можат да снимаат неверојатни видеа и фотографии со широк агол, и од предната и од задната камера.

Кога станува збор за филмска видеографија, HUAWEI Mate 40 Pro и HUAWEI Mate 40 Pro+ се повеќе од исклучителни.

Dual Cine камерите се одликуваат со 3:2 cinema-style shooting ratio сензор. Снимањето видео во висока резолуција е полесно од кога било, благодарение на функцијата Steady Shot, додека XD Fusion HDR Video обезбедува рамнотежа на експозицијата, дури и ако снимате во услови на екстремен контраст на светлината. Меѓу другите додатоци се Tracking Shot, додека Story Creator овозможува вистински филмски ефекти. Музика во позадина, филтри и ефекти може да се додадат со леснотија. Не занемарувајќи го аудиото, HUAWEI Mate 40 Series има Audio Focus, Audio Zoom и dual-stereo звучници.

Ultra-Wide Cine камерата нуди уште поширок агол на гледање, побогати детали, подобар квалитет при слабо осветлување и корекција на дисторзија што овозможува да снимате прекрасни пејзажи, додека Super Sensing Wide камерата прави неверојатни фотографии со висока резолуција. Квалитетот на фотографијата е дополнително подобрен со Full Pixel Octa PD AutoFocus. Подобрената корекција на дисторзија се применува на лицето, телото и екстремитетите, со што ултра-широките леќи се корисни во повеќе сценарија. HUAWEI Mate 40 Pro, исто така, доаѓа со перископска телефото камера и поддршка на 10x хибриден зум и 50x дигитален зум, а HUAWEI Mate 40 Pro+ оди уште подалеку со двојна телефото камера што овозможува 20x хибриден зум и 100x дигитален зум.

Ultra-Vision селфи камерата на серијата HUAWEI Mate 40 поддржува снимање во 4K и можност за снимање во едно од трите достапни видни полиња, почнувајќи од блиску до корисникот и ултра-широко. Slow-Motion Selfie овозможува уште поголема креативност со предната камера дозволувајќи им на корисниците “драматичен ефект” кога документираат сцени со голема брзина.

Чекор напред со целосно ново корисничко искуство

HUAWEI Mate 40 Pro и HUAWEI Mate 40 Pro+ се дизајнирани да направат револуција во начинот на кој корисниците ги интегрираат паметните телефони во нивните животи со карактеристики како што е Smart Gesture, што овозможува контрола без воопшто да го допирате уредот. Само поминете со раката преку екранот за да го “разбудите” вашиот телефон или навигирајте со лизгање лево, десно, горе и долу. Поддржан е и Air Press за прифаќање повици.

Со новата функција Eyes on Display, HUAWEI Mate 40 Pro и HUAWEI Mate 40 Pro+ може да се активираат со еден поглед, со целосно прилагодливи интерактивни дисплеи кои ги имаат сите информации што ви требаат од вашиот телефон. Звукот при дојдовни повици може да се намали со поглед кон вашиот телефон.

Напредната MeeTime функција е чекор кон поврзан и попаметен живот. Во комбинација со 1+8+N екосистемот, Multi-screen Collaboration им нуди на корисниците интуитивен начин на работа со повеќе уреди и апликации истовремено на паметниот телефон и компјутерот.

Во однос на безбедноста, оперативниот систем EMUI 11 секогаш нуди најсовремени решенија за заштита на потрошувачите. Trusted Execution Environment системот е CC EAL5+ сертифициран, што е највисоко ниво за микрокернел за комерцијална употреба. EMUI 11 исто така доаѓа со нови карактеристики на приватност. При испраќање слики, корисниците можат лесно да ги избришат чувствителните лични податоци како што се локацијата, времето и информациите за уредот пред да ги испратат.

HUAWEI Mate 40 серијата е опремена со Huawei Mobile Services (HMS), обезбедувајќи попаметно, побогато, поудобно и побезбедно корисничко искуство. За време на глобалната премиера, Huawei претстави и нови апликации за потрошувачите ширум светот, вклучително и Petal Search – пребарувач за разни видови содржина, Petal Maps – мапа што користи gesture control, и HUAWEI Docs – универзална услуга за документи. Овие апликации отвораат пат за подобар дигитален живот за повеќе од 700 милиони корисници на уредите Huawei ширум светот.

Цени и достапност

На македонскиот пазар, Mate 40 Pro се очекува во декември.

МоделКонфигурацијаЦена (во евра)
HUAWEI Mate 408GB+128GBEUR899
HUAWEI Mate 40 Pro8GB+256GBEUR1199
HUAWEI Mate 40 Pro+12GB+256GBEUR1399

За време на лансирањето, Huawei исто така ги претстави HUAWEI FreeBuds Studio и PORSCHE DESIGN HUAWEI WATCH GT 2 и ја објави глобалната достапност на паметните очила HUAWEI X GENTLE MONSTER Eyewear II и HUAWEI Sound wireless Hi-Fi.

Претходна статијаHuawei ја претстави Mate 40 серијата на телефони со подобрувања кај сите карактеристики
Следна статијаHuawei ги лансираше Petal Search, Petal Maps и HUAWEI Docs