HMD Global, сопственикот на Nokia брендот, денеска претстави најверојатно најголем број на телефони што некој производител ги има претставено во еден ден. Nokia добива шест нови телефони, по два од три серии, X, G и C сериите.

Телефоните се во рамките на тоа како функционира брендот изминатиот период, односно нема модели од високата класа. Шесте телефони почнуваат од најниската, па одат до средната класа, а цените се соодветни и почнуваат од 75 евра за најевтиниот модел и 350 евра за најскапиот.

Шесте модели кои се претставени се Nokia X20, X10, G20, G10, C20 и C10. Секоја серија во основа има по еден главен модел и еден кој има нешто послаби карактеристики и пониска цена.

X20 и X10 доаѓаат со 6,67 инчни екрани со 1080p резолуција и само мала камера на предната страна. Работат на Snapdragon 480 и имаат избор од 6 и 8GB RAM со 128GB простор за податоци кај X20 моделот, односно 4GB RAM и 64GB простор за податоци кај X10. Батериите кај двата модели се со капацитет од 4.470 mAh.

X20 доаѓа со четири камери на задната страна со 64, 5, 2 и 2 мегапиксели, како и 32 мегапиксели кај предната, селфи камера. X10 доаѓа со 48 мегапиксели кај главната камера, останатите се исти, како и 8 мегапиксели кај предната камера.

G20 доаѓа со 6,5 инчен екран со 720p резолуција, а работи на MediaTek G35 чип, со 4GB RAM и 128GB простор за податоци. Батеријата е со капацитет од 5.050 mAh, а на задната страна има четири камери со 48, 5, 2 и 2 мегапиксели. Предната камера е со сензор од 8 мегапиксели.

Послабиот модел во G серијата, G10, доаѓа со истиот екран и капацитет на батеријата, но има послаб MediaTek G25 процесор, како и избор од 3 и 4GB RAM. На задната страна се поставени три камери со 13, 2 и 2 мегапиксели, додека на предната страна е камера со 8 мегапиксели.

C класата е последна и доаѓа со C20 и C10. Двата модели имаат екрани со 6,5 инчи и 720p резолуција, работат на Unisoc чипови и имаат 1 и 2GBRAM, како и 16 и 32GB простор за складирање на податоци. Батеријата е со капацитет од 3.000 mAh кај двата модели, а исто така имаат по една камера на задната страна со 5 мегапиксели и предна камера со 5 мегапиксели.

ИЗВОРHMD Global
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаПрепорака за филм: Contagion (2011)
Следна статија#FITRCLASSROOM: Р. Северна Македонија со национална стратегија за вештачка интелигенција
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.