Фото: Shutterstock.com

Apple не беа тие кои го претставија наредниот најважен производ на пазарот, а тоа пред неколку години го направи OpenAI. Додека Microsoft, Google и повеќето други, побрзаа да претстават сопствено решение или да интегрираат достапно, Apple некако остана на страна. 

Подоцна, нетипично за нив, место да почекаат додека се подготвени, тие го најавија Apple Intelligence, а видовме како помина тоа. Од компанијата продолжуваат со најава дека Apple Intelligence е во развој и нови функции ќе бидат претставувани, сепак реално тие се далеку од способноста на конкурентите. 

Марк Гурман од Bloomberg најави дека Apple размислуваат за купување на американската компанија Perplexity AI, а во неделникот билтен, тој дури анализира зошто од компанијата ќе мора да го направат тоа. 

Гурман добро истакнува дека Apple немаат огромни купувања на компании како конкурентите, па обично тие се обидуваат да претстават сопствено решение или купуваат помали компании чии технологија и вработени се интеграираат во компанијата. 

Сепак, во случајот со вештачката интелигенција, Гурман смета дека Apple ќе мора да излезе надвор од нивната досегашна стратегија и политика и да ја купат оваа компанија. 

Препораката е за Perplexity поради тоа што компаниите како OpenAI или Anthropic вредат многу повеќе, па нивното купување би било невозможно дури и за Apple. Perplexity од друга страна се проценува на околу 14 милијарди, сума која Apple можат без проблем да ја платат. 

Гурман набројува и кои би биле придобивките во купувањето на Perplexity, како на пример фактот што од компанијата имаат докажан производ, доволно голем тим, соодветно ги погодува потребите на Apple и слично. 

Со оглед на тоа што се истакнува дека од Apple веќе размислуваат за ова, останува можноста да се договори спојување на компаниите, а тука е и можноста да се договори само посериозна соработка.

ИЗВОРBloomberg
Претходна статијаVisa го назначи Тарек Мухмуд за регионален претседател за Централна и Источна Европа, Блискиот Исток и Африка
Следна статијаДиректорот на Cloudflare смета дека вештачката интелигенција е закана за издавачите
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.