The Verge

Google веќе со години се обидува да направи решение за корисниците на Android кое тие ќе го користат за комуникација, односно за испраќање на пораки. Иако обидите не може да се каже дека им беа лоши и целосно неуспешни, тие сепак не дојдоа ни блиску до популарноста и бројот на корисници како што имаат Facebook Messenger, WhatsApp, Viber и другите.

Од друга страна, тука е и комуникацијата на луѓето преку SMS пораки која и покрај достапноста на интернет пристапот и застареноста на сервисот, сепак успева да остане важен дел од секој телефон.

Преку модернизација на овој дел, односно преку унапредување на SMS сервисот, Google ја гледа најновата шанса за успех на ова поле.

Што точно планира да направи Google ?

Од компанијата планираат да во соработка со операторите и производителите на Android уреди, го заменат сегашните SMS сервис и во апликациите за SMS да вградат поддршка за нов систем наречен RCS – Rich Communication Services или како што повеќето корисници скратено за маркетинг потребите ќе го познаваат овој систем – Chat.

Chat нема да биде нова апликација, туку ќе биде стандард којшто ќе биде вграден во веќе постојните апликации за SMS. Главната апликација која ќе го добие новиот стандард e Android Messages од Google, а според најавите Google работи и со поголемите производители кои имаат свои апликации, како што е Samsung на пример.

Предноста на овој нов стандард, овој нов систем, е што ќе ги има повеќето функции кои ги сметаме за нормални во денешно време кога ги користиме апликациите како Viber или Facebook Messenger.

Тоа значи дека Android Messages со надградбата да го поддржува Chat ќе прикажува кога пораките се прочитани, кога другата страна пишува, ќе може да се прават групни разговори, сликите кои ќе се испраќаат ќе бидат со висока резолуција и слично.

Она што овој систем нема да го има е шифрирање на пораките. Тоа е така затоа што исто како SMS сервисот, овој сервис ќе биде овозможен од страна на операторите и ќе проаѓа преку нивниот систем и сервери.

Доколку се испрати порака на некој уред којшто нема поддршка за Chat, пораката ќе биде доставена како обична SMS порака.

Ова најмногу се споредува со iMessages од Apple на iOS, а веќе одреден период се најавува дека на некаков начин Google ќе претстави вистинска конкуренција на овој сервис од Apple.

Дали и Apple ќе се приклучи на компаниите кои ќе ја дадат поддршката за Chat, засега не е познато, а интересно е што поддршката веќе ја дава Microsoft.

Информациите за овој нов стандард за пораки од Google ексклузивно ги објави The Verge, па во продолжение можете да го погледнете видеото од нив како го објаснуваат Chat.

ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаКој е Satoshi Nakamoto човекот кој важи за креатор на Bitcoin ?
Следна статијаLG не може да постигне со производство на OLED екрани за Apple
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.