Фото: Shutterstock.com

Официјално заврши судскиот процес во кој Министерството за Правда на САД ги тужеше Google за монополско однесување, кратко кажано, односно за искористување на својата позиција за наштетување на конкуренцијата. 

Ова е познатиот случај преку кого се планираше „растурање“ на Google, односно од компанијата се бараше да ги продаде Chrome и Android, а проблем беа и договорите со други компании за поставување на Google Search како стандарден, на пример. 

Преку судскиот процес стана познато дека само Applе добиваат околу 20 милијарди долари годишно за поставување на Google Search како главен во iPhone, а тука се и Mozilla за нивниот Firefox прелистувач. 

Очекувано или не, судскиот процес заврши со одлука која во главно ги прави Google победници. Според одлуката, компанијата ќе може да ги задржи Chrome и Android, а исто така ќе може да продолжи да прави договори со компаниите, како тој со Apple и Mozilla. 

Во одлуката стои дека Министерството за Правда има претерано барање за присилно растурање на компанијата, а Google немаат направено ништо што не е во рамките на законот. 

Тоа што ќе им биде забрането на Google е да прават ексклузивни договори за Search, Assistant и слично, а од компанијата нема да можат да ги условуваат веќе производителите да мораат да ги вклучат нивните апликации за да добијат пристап до Play Store, на пример. 

Логиката дека може да се продолжи со договорите како тој со Apple се правда со мислењето дека доколку се забранат, направена ќе биде штета на партнерите и поврзаните пазари. 

Дополнително, Google ќе мора да почне да ги споделува податоците од пребарувањата преку Search со конкурентите.

Од компанијата објавија и реакција на одлуката, преку која тие искажуваат грижа за можниот ефект на приватноста на корисниците, па ја разгледуваат и можноста за жалба. 

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаGoogle Chrome го зголемува својот удел на пазарот на десктоп и покрај големиот број на алтернативни прелистувачи
Следна статијаSamsung го претстави целосно новиот Sound Tower на IFA 2025
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.