Google веќе врши проверка на одредени апликации кои ги инсталирате на вашиот Android уред преку Verify Apps функцијата која што ја воведе за заштита на корисниците од огромниот број на апликации, кои што на овој оперативен систем може да се инсталираат и надвор од продавницата. Оваа функција е ограничена на тие апликации, односно апликациите кои што не ги инсталирате преку Play Store, со еднократно скенирање за малициозен софтвер. Корисноста на оваа функција, како и тоа дали е доволна за заштита на уредите е предмет на дискусија, посебно од страна на компаниите кои што прават софтвер за заштита.
Google веќе најави, а сега ќе воведе засилување на функцијата за верификување на апликациите преку проширување на проверката на сите апликации кои што се инсталираат на уредот. Исто така оваа функција ќе врши и континуирана проверка на инсталираните апликации за тоа дали апликациите „се однесуваат на сигурен начин“.
Verify Apps функцијата е вклучена стандардно за повеќето уреди, а можете да ја вклучите или исклучите преку Settings > Security.
Извор: Android Blog