Фото: Shutterstock.com

Privacy Sandbox е името на систем од повеќе алатки кои Google ги најави како идна замена на користењето на „колачињата“ од трети страна во нивниот Chrome прелистувач. 

Системот беше најавен уште во 2019 година, но од компанијата почнаа поактивно да го пуштаат дури во 2023 година, а веќе во 2024 најавија дека го откажуваат планот за тргање на поддршката за „колачиња“ од трети страни во Chrome. 

Тогаш беше истакнато дека продолжува развојот на Privacy Sandbox, а корисниците ќе имаат информиран избор за што е тоа што би сакале да го користат.

Од компанијата сепак минатата недела информираа дека развојот на Privacy Sandbox престанува целосно, а со тоа и листа на алатки кои беа дел од овој систем. 

Од Google истакнуваат дека остануваат посветени на овозможувањето на реклами кои ќе ја почитуваат приватноста на корисниците, а за тоа истакнаа и дека ќе се користат одредени алатки развиени специјално за оваа цел. 

Сепак, реакциите од повеќето се дека Chrome останува прелистувач кој не им овозможува баш добра приватност на корисниците, а тоа е нешто што не треба да го изненади никој затоа што Google во главно „живее“ од реклами. 

Покрај повеќе приватни или барем поприватни алтернативи на пазарот, Google Chrome останува на сигурно прво место со повеќе од 70% пазарен удел, далеку пред другите. 

Претходна статијаGame Dev Rev 2025: Првата конференција за развој на видео игри во Македонија успешно го испиша своето прво поглавје
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.