Фото: Shutterstock.com

Процесот на тргање на поддршката за „колачиња“ од трети страни започна уште во 2019, односно 2020 година, кога конкурентните Firefox и Safari ја исклучија можноста за функционирање на овие мали датотеки. 

Google тој процес го започна нешто повнимателно, а тоа е очекувано кога ќе се земе во предвид процентот од заработката кој доаѓа од реклами за оваа компанија. Во 2022 исклучувањето на „колачињата“ беше одложено за две години, по што оваа година конечно започна, а планот беше да заврши на почетокот од идната. 

Во април оваа година процесот беше ставен на пауза, поради проблеми од страна на британското регулаторно тело CMA, а сега од Google најавија дека тој целосно се откажува. 

Причината за ова може да се најде во недоволното прифаќање на замената за „колачињата“ од трети страни, Privacy Sandbox, па од компанијата целосно се откажуваат од започнатиот процес. 

Privacy Sandbox, иако добива критики од дел од властите, продолжува да биде предмет на развој во Google и од компанијата нема да престанат со инвестиција во него. 

На местото на Privacy Sandbox и тргањето на „колачињата“ од трети страни, од компанијата најавуваат дека ќе воведат нов систем кој треба да им овозможи на корисниците поголем избор. Засега нема повеќе детали за овој нов систем, но личи дека ќе биде нешто слично на согласноста за „колачиња“ кај веб страните, само на ниво на Chrome. 

„Со оглед на ова, предлагаме ажуриран пристап кој го зголемува изборот на корисникот. Наместо да ги укинеме колачињата од трета страна, ќе воведеме ново искуство во Chrome што им овозможува на луѓето да направат информиран избор што се применува во текот на нивното прелистување на веб и тие ќе можат да го приспособат тој избор во секое време. Разговараме за овој нов пат со регулаторите и ќе ја консултираме и индустријата додека го развиваме ова.“ – истакнуваат од Google во блог објавата за нивната одлука. 

Корисниците отсекогаш го имале изборот самите да ги исклучат „колачињата“ од трети страни, па ништо не ги спречува самите да ја „тргнат“ поддршката. 

Со ваквата промена корисниците добиваат нешто поголема приватност на интернет, со оглед на тоа што „колачињата“ се користат за следење на нивната активност на другите веб страни.

ИЗВОРBleeping Computer
ИЗВОР 2Google
Претходна статијаЗошто CrowdStrike надградбата не ги погоди исто корисниците на macOS и Linux
Следна статијаОлимписки игри Париз 2024: Galaxy Z Flip6 Olympic Edition доставени на рака на секој олимписки спортист во Париз 2024 за искуство вредно за медали за време на Игрите
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.