Почнувајќи со наредната верзија од нивниот прелистувач, односно Chrome 116, Google ќе го скрати периодот од една до друга безбедносна надградба, од на секои две, на секоја недела.
Корисниците ќе добиваат безбедносни надградби секоја недела, што значи дека периодот во кој „малициозните актери“ ќе можат да ги искористуваат слабостите на апликација, ќе биде значително помал.
Од компанијата посебно го истакнуваат овој период, кој го нарекуваат „patch gap“ и фактот дека кодот на кој е направен Chrome, познатиот Chromium, е отворен, па секој може да го разгледа и анализира. Тоа остава простор да и „хакерите“ имаат пристап до кодот, па отворените слабости можат слободно да ги искористат.
Со намалувањето на периодот, односно „patch gap“, корисниците ќе бидат максимално заштитени, но секако и ова не значи 100% заштита.
Од компанијата истакнуваат дека секогаш кога ќе го видат известувањето за достапност на нова верзија, истата е препорачано да биде инсталирана.