Фото: Depositphotos

Microsoft го купи GitHub во 2018 година за 7,5 милијарди долари и во периодот што следеше сервисот остана прилично независен, односно продолжи да функционира под истата организација како дотогаш. 

GitHub e сервисот број 1 во светот за програмерите, а како што се истакнува досега се додадени повеќе од 1 милијарда репозиториуми и копии од доработен код, а сето ова е направено од страна на повеќе од 150 милиони програмери. 

Сервисот сепак веќе нема да биде толку независен како досега, па сите вработени стануваат дел, односно се интегрираат во Microsoft CoreAI. Ова како одлука доаѓа по најавата од директорот на GitHub, Томас Домке, дека ја напушта позицијата, а истото го прави со цел да се врати на своите „корења“ кои се во стартап областа. 

Домке не најавува на што точно планира да работи, но според краткиот одговор на X, не е чудо да направи алтернатива на GitHub. 

Како и да е, тој ќе остане во GitHub до крајот на годината за да помогне во транзицијата на тимот во Microsoft, како и го олесни неговото заминување. 

Една од главните промени кои се дел од GitHub под Microsoft, очекувано, е додавањето на Copilot, односно вештачката интелигенција за која сѐ уште не е до крај сигурно дали повеќе им помага на програмерите или им прави проблеми со честитите грешки. 

Што може да се очекува од сега, па натаму, ќе видиме, а ова е доста важно за програмерите кои можно е да почнат да бараат алтернативи со тек на време. 

ИЗВОРTom's Hardware
ИЗВОР 2GitHub
Претходна статијаСтриминг со само еден клик: GLEY што и да посакаш преку Magenta TV
Следна статијаДали корисниците премногу му веруваат на ChatGPT и советите кои ги дава ?
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.