Во светот на мобилната индустрија ова лето дефинитивно го одбележува најновата серија Galaxy Z со која овој месец беа лансирани најновите модели на телефоните на преклоп од Samsung. Благодарение на постојаното подобрување во поглед на дизајнот и функциите, овој пат новите Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6 доаѓаат како најтенки и најлесни телефони на преклоп од производителот, идеални за секојдневно носење и употреба. Корисниците ќе можат на лесен начин да ги реализираат своите креативни идеи, да бидат попродуктивни и да имаат безброј забавни искуства со својот телефон на преклоп.
Совршено симетричниот дизајн со рамни рабови им дава на уредите префинет изглед, каде што двојната „шина“ на преклопните шарки сега е поддржана со зајакнат преклопен раб, а подобрените слоеви на главниот екран помагаат да се одржи цврстината. Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6 доаѓаат со опремена со напредните Armor Aluminum и Corning® Gorilla® Glass Victus® 2, правејќи ја оваа серија на телефони најиздржливата Galaxy Z досега. Двата уреди се напојувани од Snapdragon® 8 Gen мобилната платформа за Galaxy, најнапредниот мобилен процесор Snapdragon досега, кој го спојува најдоброто од централната, графичката и невронската процесорска единица.

Galaxy Z Fold6, поголемиот од двата нови телефони на преклоп, кој кога е отклопен, добивате екран екран од 7,6 инчи, фантастичен за работа, создавање и забава каде и да се наоѓате. Бројните харверски и софтверски подобрувања, како и подобрените функции со интегрирана вештачка интелигенција отвораат нови фантастични можности за зголемена продуктивност, но и уникатно искуство за уживање во голем екран.
Но, да обрнеме внимание на Galaxy Z Flip6, кој овој пат доаѓа со бројни иновации во поглед на перформансите и дизајност кои го прават супер-функционален и ултра-модерен уред.
Создаден за совршено фотографско искуство и неизмерна забава
Помалиот телефон на преклоп Galaxy Z Flip6 претставува вистинска успешна спојка на функционалност и забава. Со надградените функции со вештачка интелигенција, Galaxy AI овозможува одлични алатки кои ја олеснуваат секојдневната интеракција со телефонот. Една од значајните карактеристики кои го прават овој уред навистина посебен е можноста да го персонализирате вашиот надворешен екран FlexWindow според вашиот стил, вкус и потреби. Изборот на интерактивна позадина која е динамична и визуелно импресивна и реагира на допир или движење, или опции за тапети, како што е Photo Ambient, кој прави промени во реално време на вашата позадина според временски и локализирачк одредници, ќе направи и предложени промени во распоредот на екранот за унифициран изглед.

Што се однесува до комуникациските функции, FlexWindow овозможува и предложени одговори низ апликациите за пораки, и тоа врз основа на анализа на најмногу 7 неодамнешни пораки, Galaxy Z Flip6 ќе предложи три оптимални одговори за да можете да одговарате и кога сте во движење. Ако пак го отворите телефонот, ќе можете да го искористите максимумот од двојниот екран кога сте во FlexMode со користење на преведувач за лесно двонасочно преведување. Екранот исто така нуди брз пристап до бараните информации или содржини преку големиот број на виџети.
Фотографирање или снимање видеа со Galaxy Z Flip6 е многу повеќе од „фаќање добри кадри“. Всушност, тоа е едно искуство со многу забава благодарение на сите можности кои системот од камери и ВИ функциите ги овозможуваат. Камерата со висока резолуција со нова широка леќа од 50 MP ги снима најсветлите и најјасните селфи фотографии, додека ВИ функциите ќе се погрижат за дефинирани изрази на лицето и поприродни тонови, а новиот автоматски зум автоматски го наоѓа најдоброто кадрорање за вашата снимка. Функцијата Nightography е подигната на уште повисоко ниво обезбедувајќи одлични фотографии во услови на намалена осветленост и сето тоа со Super HDR за да можете да гледате повеќе детали без разлика дали е во светли услови или во потемни сенки. И не заборавајте – можете да снимате и да споделувате директно од инстаграм кој нуди ноќен режим во апликацијата, и тоа од најневозможни агли, благодарение на флексибилно-подвижната форма на телефонот на преклоп.

Овој пат Galaxy екосистемот, освен со новите модели на телефони на прелоп Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6 ја збогатува и зајакнува својата моќ и со други фантастични уреди како паметните часовници Galaxy Watch Ultra и Galaxy Watch7 – врвот во грижата за личното здравје на дневна основа и општата благосостојба овозможени од функции напојувани од вештачка интелигенција, како и најновите модели на слушалки Galaxy Buds3 и Galaxy Buds3 Pro кои донесуваат ново ВИ комуникациско и најнапредно аудио искуство. Овој фантастичен Galaxy екосистем составен од носливи Samsung уреди совршено комуницираат меѓу себе креирајќи единствено Galaxy искуство кои постојано го подобрува и олеснува важиот живот.

Безбедност со Samsung Knox и пакување според највисоки стандарди за заштита на животната средина
Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6 се обезбедени од Samsung Knox, повеќеслојна безбедносна платформа развиена за заштита на осетливи информации и корисничките податоци од потенцијални закани, благодарение на препознавањето закани на хардверско ниво и заедничката заштита. Претходно оваа година, Samsung воведе употреба на рециклирани минерали како кобалт и ретки природни елементи во новата серија Galaxy S24, а истиот пристап е очигледен и во компонентите на Galaxy Z Fold6 и Flip6, вклучувајќи рециклирана пластика, алуминиум и стакло, но и користејќи рециклирано злато и бакар за прв пат.
Новите Galaxy Z Fold6 и Flip6 се испорачуваат во пакување направено од 100% рециклирана хартија, а долговечноста на уредот е поддржана со седум генерации надградби на оперативниот систем и седум години безбедносни надградби.
Искористете ја промотивната понуда
Започнува акциска продажба на Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6 која трае од 19 јули до 23 јули 2024, во која добивате подароци со секој купен телефон на преклоп. Со куупување на Galaxy Z Fold6 добивате S Pen футрола, додека пак со Galaxy Z Flip6 добивате Flipsuit футрола дизајнирана да се приспособи на вашиот стил. Побрзајте и искористете ги промотивните денови.